text size
Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на денешната седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од четири проценти. Од Народната банка информираа дека на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 25 март, понудата ќе изнесува 36 милијарди денари (околу 585 милиони евра), а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.