Советот на Народната банка ја намали проекцијата за растот на македонската економија. Наместо претходните 3,3 отсто, сега НБРМ проектира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти.
Неповолното надворешно опкружување, според Советот на НБРМ, е причина за надолната ревизија за растот. За разлика од НБРМ, Владата која вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2025 година ќе ја смени проекцијата за раст на економијата од 3,7 отсто годинава.
„За периодот 2026-2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст на економската активност од 4 отсто. Се очекува дека главен носител на економското закрепнување ќе бидат пред сè инвестициите, поддржани од јавниот инфраструктурен циклус и странските инвестиции. Позитивен поттик се очекува и од личната потрошувачка, во услови на раст на расположливиот доход и на кредитирањето. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни“, се наведува во соопштението на НБРМ.
Прочитај повеќе

Раст на македонскиот БДП од три проценти во првиот квартал од 2025 година
Во првото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: градежништво и дтручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности од 7,1 проценти и информации и комуникации од 4,8 проценти.
03.06.2025

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вкупни расходи од 6,5 милијарди евра во 2025
Растот на планираните средства е резултат на зголемени неданочни приходи - административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите.
19.06.2025

Ребалансот на буџетот пред министрите - од каде ќе се крати
По растот во април, капиталните трошоци повторно забавија
16.06.2025

Можен ли е инвестициски бум од шест милијарди евра во Македонија?
Визијата на Владата е да се поттикнат економски раст и развој и да се подобрат условите за бизнис и животниот стандард на граѓаните.
14.05.2025

Различни проекции за БДП - има ли простор за оптимизам?
Светска банка смета дека македонската економија годинава ќе забави и нема да ги достигне ни ланските 2,8 отсто
12.05.2025
Во однос на инфлацијата, Советот на НБРМ проектира дека до крајот на годината просечната стапка ќе изнесува 3 отсто, наспроти октомвриските согледувања за инфлација од 2,5 отсто.
„Оваа промена ги одразува малку повисоките остварувања во првиот квартал оваа година, но и нагорните ревизии на оцените за цената на суровата нафта и на основните прехранбени производи на светските берзи. Сепак, и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2 отсто во 2026 година и ќе се задржи на тоа ниво и во 2027 година. Ризиците за инфлацијата во најголема мера се поврзуваат со геополитичките тензии, трговската неизвесност предизвикана од протекционистичките политики, нарушувањата на синџирите на снабдување и климатските фактори“, стои во соопштението на централната банка.
НБРМ натаму очекува стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. За 2025 година се предвидува умерено продлабочување на дефицитот на 3,2 отсто од БДП. Ваквите поместувања во најголем дел ќе произлезат од понискиот суфицит кај секундарниот доход, согласно очекувањата за стабилизирање на номиналниот износ на нето-приливите од приватните трансфери, како и од проширувањето на дефицитот на стоки и услуги.
За преостанатиот период на проекцијата, 2026-2027 година, се очекува подобрување на тековната сметка, при проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,7 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од странските директни инвестиции и долгорочното задолжување на државата. Значајно е да се напомни дека во целиот период на проекцијата се очекува задржување на девизните резерви на соодветното ниво.
Банкарскиот систем и понатаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка за економијата. До крајот на 2025 година, се очекува дека кредитниот раст ќе изнесува 9 отсто. Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,3 отсто за периодот 2026 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидносна позиција на банките.
„Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2025 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,5 отсто, а на среден рок за периодот од 2026 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек“, соопшти НБРМ.
Во првото тримесечје на 2025 година, Народната банка продолжи со постепеното нормализирање на монетарната политика, со намалување на каматната стапка во февруари. Оттогаш наваму не се направени промени во монетарната политика, во услови на поволни движења, но поизразени ризици.
„Засега, се оценува дека сегашната поставеност е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците од надворешното и домашното окружување и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност“, стои во соопштението на банката.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...