Невработеноста во вториот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.5 отсто (од 11.7 отсто). Но, во овој квартал, се намали и активноста на населението на 52.2 отсто (од 52.4 отсто), како резултат на што се намали вработеноста на 46.2 отсто (од 46.3 отсто), се наведува во најновиот квартален монитор на институтот „Фајнанс тинк“.
„Овие движења упатуваат на зголемување на воздржаноста на пазарот на труд. Сепак, губењето 1,000 работни места во нето износ во однос на претходниот квартал е секторски хетерогено. Најмногу работни места се изгубени во ИТ секторот (над 4 илјади, поради глобални секторски трендови) и јавната администрација (над 3 илјади), а креирани се работни места во градежништвото (над 4 илјади), хотели и ресторани (близу 4 илјади) и земјоделството (над 3 илјади), односно секторите со солиден реален раст на додадената вредност“, констатираат експертите од „Фајнанс тинк“.
Државната статистика неделава објави дека бројот на непополнети работни места во второто тримесечје достигна рекордни 10.323 слободни работни места.
Прочитај повеќе

Раст од 3,4 проценти на македонскиот БДП во второто тримесечје
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 проценти,.
04.09.2025

Глобалната економија низ графици: Царините полека стигнуваат до потрошувачите
Царините почнуваат да ги зголемуваат трошоците на увозните производи во САД
19.07.2025

ББА-анализа: Македонија ја почна годината со највисок раст во регионот Адрија
Главни предизвици и натаму остануваат извозот и глобалната неизвесност.
26.06.2025

Фискален совет: Кост-бенефит анализа пред одлука за големи капитални инвестиции
Фискалниот совет изготви две сценарија за економскиот раст во Македонија.
20.06.2025

Понизок раст и повисока инфлација – НБРМ ги ревидира прогнозите
Наместо 3,3 отсто, НБРМ проектира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти
20.06.2025
„Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08 проценти, а најголем број на слободни работни места, 2.008, има во петтата група занимања: работници во услужни дејности и продажба. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 проценти“, соопшти статистиката.
Во однос на растот на БДП за 3,4 отсто на годишна основа, од „Фајнанс тинк“ велат дека тоа е благо забрзување во однос на динамиката од претходните квартали.
„Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор и проекцијата од 3.5 отсто за целата 2025 година. Забрзувањето е, во голема мера, водено од растот во личната потрошувачка (3 отсто), која продолжи да го отсликува позитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и другите доходи и интензивираната кредитна поддршка на домаќинствата. Додека, јавната потрошувачка (-1 отсто) се намали по интензивирањето во текот на 2024. Растот на бруто вложувањата (6 отсто) останува високо варијабилен, додека, извозот (9.1 отсто) и увозот (8 отсто) закрепнаа по продолжен период на стагнација и падови, но варијабилноста и понатаму ги одразува неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент и од царинската политика на САД. На производната страна, растот во овој квартал е на широка основа како и претходно, со благи забрзувања кај земјоделството (1.8 отсто) и индустријата (3.9 отсто), а задржување на динамиката кај градежништвото (7.3 отсто) и услугите (2.7 отсто)“, велат од институтот.
Во вториот квартал од 2025, инфлацијата благо забави на 3.8 отсто на годишна основа (од 4.2 отсто), но и понатаму остана висока. Опстојувањето е сè повеќе сврзано со ефектите од порастот на реалните доходи врз потрошувачката (раст на базичната инфлација од 4.9 отсто). Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост и од фискалната и од монетарната страна, велат од „Фајнанс тинк“.
„Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи во текот на 2025 година. Ризик за растот остануваат глобалните неизвесности, а на домашната сцена основен ризик е упорната инфлација. „Фајнанс тинк“ останува на проекцијата за реален раст на БДП во 2025 од 3.5 отсто, додека проекцијата за растот на цените се ревидира на 3.7 отсто (од 3.1 отсто)“, стои во соопштението.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...