Здружението „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото.
„Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници“, наведуваат од Здружението.
Според нив, со овој потег е преземен финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање.
Прочитај повеќе

Државата ќе ги проверува броилата поради високите сметки за струја
Опремата за проверка на броилата седум години не е користена
23.02.2025

Топлотните бранови се сè поголема закана за снабдувањето со струја
Нуклеарните централи почесто се исклучуваат поради топлото време
10.08.2025

Увозот на струја забрзува - се доближува до 200 милиони евра
Сумата потрошена за купување струја се доближува до потрошената за цела 2023 година.
08.08.2025

Владата го либерализира производството на струја од домаќинствата и компаниите
За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач - производител.
06.08.2025
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...