Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
„За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач - производител. Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov.mk“, информираат од Министерството.
Оттаму објаснуваат дека рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 kW, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија.
Прочитај повеќе

Енергетски бум во најава, увозот на струја во Македонија расте
Во мај годинава увозот на струја бил за 25,9 отсто поголем во однос на истиот месец минатата година
29.07.2025

ББА анализа: Како ќе се движи цената на ураниумот до крајот на годината?
Иако нејзиниот удел во глобалниот енергетски микс се намали, нуклеарната енергија забележа постојан раст во апсолутното производство од 2012 година.
30.07.2025

Заборавениот енергетски адут повторно привлекува инвеститори
Инвеститорите се свртуваат кон старите извори на енергија за да бидат во чекор со растот на дигиталната потрошувачка.
10.07.2025

Екстремните температури предизвик за енергетскиот систем: Викендите најкритични
Во случај на екстремни временски услови, координирано ќе се преземаат мерки.
07.07.2025

Цените стабилни, мрежите под притисок: Регионот пред летен енергетски тест
Денеска еден мегават-час електрична енергија на берзата Хупекс се тргува по цена од 90 евра.
19.06.2025

Батериите стануваат стандард - складирањето струја е законска обврска
Складирањето струја има перспектива во Македонија
16.06.2025
„Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 kW, а компаниите – 70 kW“, наведуваат од Министерството.
Налдежните посочуваат дека со предлог измените се поедноставува и постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа на потрошувач-производител кој користи ОИЕ.
„Доколку при анализа на условите за приклучување се утврди дека не е можно приклучување на предложената локација, операторот на електродистрибутивниот систем е должен во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за приклучок, писмено да го извести барателот и да му предложи алтернативна точка за приклучување, врз основа на технички и безбедносни причини или некомпатибилност на компонентите на системот“, се наведува во соопштението.
Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да го приклучи енергетскиот објект на електродистрибутивната мрежа во рок од еден месец од официјалното потврдување на комплетноста на поднесената документација. Доколку операторот на електродистрибутивниот систем не се произнесе во рокот од мрежните правила се смета дека согласноста за приклучување е дадена.
„Со ова предложено законско решение се прави решителен чекор кон енергетска независност и интеграција на обновливите извори на енергија, намалување на потрошувачката на енергија, емисиите на јаглерод диоксид, на азотни оксиди (NOx), неметански јаглеводороди и честички и усогласување со ЕУ стандардите.
Пакетот мерки истовремено ја јакне енергетската ефикасност и создава стабилна рамка за обновливите извори на енергија со директни економски и еколошки придобивки за граѓаните и бизнисите“, велат од Министерството.
Документот е изработен по принципот енергетска ефикасност на прво место и со него се отвора јасен и практичен пат за побрза транзиција до почиста животна средина без да се загрози стабилноста на системот.
Министерството предлага и 20-годишна стратегија за реновирање на станбени, јавни и комерцијални згради со енергетски ефикасни решенија. Односно, Владата, на предлог на МЕРМС донесува и долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради, со која овие градби и станбени и деловни објекти ќе ги трансформира во високо енергетски ефикасни објекти со речиси нулта потрошувачка, со можност за широка интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), како што се соларните системи.
„Со имплеметација на ОИЕ ќе се намалуваат стакленичките гасови и се штити животната средина и се постигнува и климатската неутралност. Тројно ќе се зголеми и заштедата во јавниот сектор, односно МЕРМС во соработка со Службата за општи и заеднички работи при Владата подготвува и предлог план за реконструкција на згради кои се користат во јавниот сектор, и тоа со реконструкција на најмалку 3 проценти од корисната подна површина на зградите годишната заштеда на енергија се зголемува од 1 на 3 проценти“, велат бод Министерството.
Ова се однесува на објекти со вкупна корисна подна површина над 250 квадратни метри кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски карактеристики, а кои се користат од страна на лицата од јавниот сектор на државно ниво.
Инсталацијата на соларни колектори за топла вода во новите јавни објекти или при значајна реконструкција на објекти станува задолжителна, доколку е технички и економски изводливо.
МЕРМС воспоставува и финансиски механизми, јавни повици и едношалтерски систем за поддршка на проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ, овозможувајќи инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии, како механизми за постигнување на целите на Стратегијата за реконструкција.
Јавниот сектор се обврзува да набавува производи, возила и згради со највисоки енергетски и еколошки стандарди, вклучувајќи сертификати за енергетски карактеристики, промовирајќи технологии со низок јаглероден отпечаток.
Измените влијаат и креирање можност за меѓуопштинска соработка за локален развој во општини со помалку од 15.000 жители. Тие можат да формираат заеднички тела за програми за енергетска ефикасност, и со усвојување на програма за енергетска ефикасност ќе добијат пристап и до Фондот за енергетска ефикасност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...