Состојбата на издадени зелени кредити од македонските банки на крајот на јуни годинава изнесувала 31,1 милијарда денари (507 милиони евра), што е зголемување за над две милијарди денари (33 милиони евра) во однос на 2024 година, кога вредноста на зелените кредити изнесувала 29,1 милијарди денари (474 милиони евра). Иако во првата половина од годинава е остварен рекорд кај апсолутниот износ на зеленото кредитирање, учеството на зелени кредити во вкупните издадени кредити од македонските банки е на исто ниво како и на крајот на минатата година и изнесува шест проценти.
Средните банки со најголем процент зелени кредити
Според евиденцијата на Народната банка, до јуни годинава петте големи банки („Комерцијална банка“, „НЛБ банка“, „Стопанска банка Скопје“, „Халк банка“ и „Шпаркасе банка“) имале издадено зелени кредити во вкупна вредност од 23,6 милијарди денари (384 милиони евра), а учеството на зелените кредити во вкупните кредити изнесувало 5,4 проценти, што е на исто ниво како и на крајот од 2024 година.
Прочитај повеќе

Нови кредити и грантови за домаќинствата за проекти за енергетска ефикасност
Покрај кредитите, граѓаните ќе може да добијат и поврат на 20 проценти од инвестициите за поголема енергетска ефикасност.
21.11.2024

Банките во регионот полека го препознаваат потенцијалот на зелените кредити
Зелените кредити стануваат клучна алатка за финансирање одржливи проекти, овозможувајќи им на граѓаните и на компаниите да го намалат својот јаглероден отпечаток.
03.10.2024

Народна банка: Годишен раст на „зелените кредити“ од 15 проценти
Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати“.
27.08.2024

Околу три отсто од девизните резерви на НБРМ се инвестирани во ЕСГ-обврзници
Зеленото кредитирање во Македонија е во пораст, но и натаму е на ниско ниво.
15.08.2024
Групата средни банки („Прокредит банка“, „УНИ банка“ и „Развојна банка“) заклучно со првата половина од годинава имале издадено зелени кредити со вкупна вредност од 7,2 милијарди денари (117 милиони евра), што зафаќа 12,6 проценти од вкупните издадени кредити од овие банки и е највисоко процентуално учество во банкарскиот сектор.
Групата мали банки („ТТК банка“, „Капитал банка“,„Силк роуд банка“, „Стопанска банка Битола“, „Централна кооперативна банка“) до јуни годинава имале издадено зелени кредити во износ од 315,6 милиони денари (пет милиони евра). Учеството на зелените кредити во вкупните издадени кредити изнесувало скромни 1,2 проценти.
Од Народната банка во последниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор информираа дека до првиот квартал од годинава само една банка во Македонија немала зелени кредити во портфолиото.
„Кај банките што имаат одобрено вакви кредити, учеството на зелените кредити во вкупните кредити се движи во интервалот од 0,01 процент до 19,3 проценти. Анализирано по сектори, учеството на зелените кредити во вкупните кредити по одделни банки е помеѓу 0,03 и 21,2 проценти кај кредитите на претпријатијата, односно помеѓу 0 проценти и 11,3 проценти кај кредитите на домаќинствата“, наведуваат од Народната банка.
Какви зелени кредити нудат банките?
Повеќето банки во Македонија во својата понуда нудат зелени кредити за граѓаните и компаниите, а за кои најчесто се користат средства од таканаречени зелени кредитни линии што ги даваат меѓународни финансиски институции. Кредитите што се нудат се главно наменети за вложување во енергетска ефикасност, реновирање, но и други намени, како што се купување нови станови или електрични односно хибридни автомобили.
Depositphotos
Така, на пример, „НЛБ банка“ нуди зелен потрошувачки кредит до речиси 100.000 евра за инсталирање системи за користење соларна енергија, термоизолација на домот (ѕидна, подна, покривна, фасадна), нови енергетски ефикасни прозорци и врати, промена на грејни односно разладни тела и нивни делови, набавка на полначи за автомобили на струја дома и батерии за акумулирање. Банката нуди и зелен станбен кредит до 300.000 евра за купување станови со енергетска лиценца А или Б, како и зелен автомобилски кредит до речиси 50.000 евра за купување електрично или хибридно патничко возило.

„Комерцијална банка“ нуди кредит до 50.000 евра за енергетска ефикасност со можност за поврат до 20 проценти во вид на грант, како и намалени трошоци за енергија. Преку овој кредит може да се финансираат инвестиции во енергетски ефикасни технологии за домовите, како и трошоци за помошни материјали, за достава и за инсталација. Кредитот се одобрува за инвестирање во енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување, изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови, печки и котли на биомаса, соларни колектори за топла вода, фотоволтаични системи и други инвестиции со кои се подобрува енергетската ефикасност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...