text size
Продолжува растот на зелените кредити во портфолијата на банките и во вториот квартал од 2024 година, соопшти Народната банка. Според податоците на централната банка, во вториот квартал од 2024 година растот на „зелените кредити“ изнесува 2,6 милијарди денари (42,2 милиони евра) или 2,8 проценти, додека на годишна основа растот на овие кредити забави и изнесува 14,9 проценти.