Во првото тримесечје од 2025 година, 91,2 проценти од домаќинствата во Македонија имале пристап на интернет од дома, соопшти Државниот завод за статистика.
Во истото тримесечје, 79,1 проценти од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот. Според ДЗС, 60,3 проценти од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
Во 2025 година при користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците најголемо учество од 93,2 проценти имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (преку веб-камера и употребата на апликации, на пример Скајп,Фејстајм, Месинџер, Ватс ап, Вајбер, Снепчет). Најголемо учество од 87,2 проценти има размената на пораки претежно преку истите апликции.
Прочитај повеќе

Македонските телеком-компании се меѓу оние со најбрз мобилен интернет во Европа
Двете најголеми телекомуникациски компании во Македонија се меѓу оние што нудат најбрз интернет во Европа.
пред 12 часа

Интернетот можеби сепак изумира
Тврдењето дека ботовите ги истиснуваат луѓето од интернет-просторот никогаш не изгледало повистинито.
08.09.2025

Дали екраните и интернетот направија палачинки од нас?
Како дигитализацијата и брзиот напредок на вештачката интелигенција влијаат врз нашата способност за размислување.
09.08.2025

Новите чекори за поголема сајбер-безбедност во Македонија носат и нови обврски
Законот за сајбер-безбедност веќе е донесен, но ќе стапи во сила од следната година. Институциите и компаниите ќе имаат рок за имплементација до 2027 година, во спротивно ќе се соочат со казни.
04.08.2025

Третина од жителите на ЕУ учат онлајн, а Македонците?
Онлајн учењето е меѓу ретките позитивни работи што останаа од пандемијата, иако носи многу предизвици за да биде навистина ефективно и успешно.
13.02.2025

Две третини од Македонците веќе купуваат онлајн
Лани нарачка преку интернет направиле 53,5 проценти македонски потрошувачи, годинава 63,5 проценти.
26.12.2024
Забележително е дека поголем е процентот (46,4) на корисници кои што барале информации поврзани со здравјето (повреда, болести, исхрана, подобрување на здравјето итн.) отколку оние што користеле интернет банкарство (37,4).