text size
Речиси две третини или 63,5 проценти од македонските интернет-корисници нарачале/купиле стоки или услуги онлајн во последните 12 месеци, наспроти 53,5 проценти во истиот период во 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика. Од Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија (АЕТМ) велат и дека се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени.