Каматните стапки на кредитите паѓаат, а кредитирањето во земјава расте, покажува официјалната статистика. Во септември 2025 година вкупните кредити во банкарскиот сектор се зголемени за 0,9 отсто на месечно ниво, поради растот на кредитирањето на двата клучни сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, се наведува во најновиот извештај на Народната банка. Годишниот раст на кредитирањето изнесува 13,5 отсто и во поголем дел се должи на зголемените кредити на корпоративниот сектор, од 16,5 отсто, додека кај домаќинствата годишниот раст е 10,8 отсто.
Претходно, Народната банка ја објави статистиката за каматните стапки, каде што се гледа дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во август била 4,9 отсто и бележи континуиран пад секој месец, со тоа што во август 2024 година била 5,44 отсто. Кај новоодобрените кредити за домаќинствата просечната каматна стапка за една година паднала од 5,28 на 4,68 отсто, додека кај корпоративниот сектор од 4,90 на 4,33 отсто.
Кај најзастапените кредити во секторот домаќинства, потрошувачките и станбените, просечната каматна стапка во август била 6,42 и 3,73 отсто, соодветно.
Прочитај повеќе
Кои компании се најзадолжени кај македонските банки?
Убедливо најзадолжени кај македонските банки се компаниите од индустријата кои на крајот од 2024 година должеле вкупно 87,1 милијарди денари (1,41 милијарди евра).
03.10.2025
Пад на каматите на кредитите и депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 проценти.
30.09.2025
Квадрат во Центар надмина 3000 евра, забрзува продажбата на станови
Најскапиот стан во третиот квартал од оваа година е продаден во скопски Центар. Купувачот за 91 метар квадратен платил 280.000 евра или 189.231 денари (над 3.000 евра), покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
21.10.2025
Од каде толку многу кеш на пазарот на недвижности во Македонија и регионот Адрија?
Речиси во сите земји од регионот Адрија (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ) купувањето станови и куќи во готовина е секојдневие.
22.10.2025
ЕЦБ завршува со намалувањето на каматните стапки
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Габриел Маклуф, изјави дека циклусот на намалување на каматните стапки е при крај.
29.09.2025
Направивме преглед на условите за потрошувачките и станбените кредити кај седум најголеми банки во Македонија според вкупната актива. Кај потрошувачките кредити најниска каматна стапка што ја сретнавме е од 4,5 отсто, фиксна за целиот период на отплата, со вклучено животно осигурување.
Некои банки нудат опција со фиксна каматна стапка за првите две или три години, која обично се движи помеѓу 4,7 и 4,9 отсто, и променлива за остатокот од периодот, од 5,9 до 9,5 отсто, во зависност дали е кредитот денарски или со девизна клаузула, дали е со животно осигурување или само со осигурување од незгода, дали клиентот прима плата во банката во која аплицира за кредит итн. Тука да истакнеме дека овие каматни стапки и оние што може да ги видите во приложените табели на текстов се номинални, односно стапката на вкупни трошоци (СВТ) е секогаш нешто повисока од нив.
Максималниот износ на потрошувачките кредити се движи и до 2,5 милиони денари, а периодот на отплата и до 120 месеци. Понудата на потрошувачки кредити кај домашните банки е доста разновидна, конкуренцијата е сѐ поизразена, што се забележува по постојаните акции за промотивни каматни стапки, ослободување од нотарски и други трошоци, грејс период, како и други поволности.
Меѓу населението доста е популарно и рефинансирањето на кредитите, при што банките ги привлекуваат клиентите да преминат кај нив со сметка, да ги затворат сите кредити кај другите банки и да добијат нов, „препакуван“ кредит со поповолна каматна стапка и плус некоја сума за задолжување.
Статистиката на Народната банка покажува дека 53 отсто од вкупните кредити дадени на домаќинствата се потрошувачки кредити, а 40,5 отсто отпаѓа на станбени. На кредитни картички отпаѓа 3,3 отсто, негативните салда по тековни сметки зафаќаат 2,6 отсто, додека на автомобилските и другите видови кредити отпаѓаат само 0,2 отсто и 0,5 отсто респективно.
Вкупниот износ на потрошувачките кредити во септември годинава бил 2,23 милијарди евра, додека кај станбените кредити 1,7 милијарда евра. По кредитни картички граѓаните се задолжени со речиси 140 милиони евра, додека негативните салда по тековните сметки се 108,5 милиони евра.
Минималното учество што го бараат банките за да одобрат станбен кредит е обично 15 отсто, иако, да потсетиме, од први декември треба да почнат олеснетите услови што ги пропиша Народната банка, односно оние што купуваат прв стан да може да добијат кредит и со учество од 10 отсто од вкупната вредност на објектот.
Некои од банките даваат и можност за грејс период од 6 или 12 месеци, а погодностите со кои се натпреваруваат за клиенти вклучуваат и ослободување од административни трошоци, од трошоци за процени, покривање на трошоците за изготвување нотарски акт и упис на заложното право во Агенцијата за катастар на недвижности, без провизии за предвремена отплата итн.