text size
Интернетот, екраните и целата таа дигитализација само ве направија поглупави. Сигурно сте го слушнале ова или варијација на оваа реченица барем еднаш од тетката со ладна трајна коса на некоја од вашите семејни прослави. И лесно сте ја отфрлиле нејзината процена како пример за генерацискиот јаз само затоа што знаете колку таа тетка верува во сите приказни за нејзините нови виртуелни „пријатели“ на Фејсбук и не се двоуми да ја сподели секоја нова теорија на заговор на Вибер.