text size
Неопходноста од дигитализација е кристално јасна во денешниот развиен и динамичен свет за да се одржи чекор и да се остане конкурентен на пазарот. И постојано се зборува и пишува за тоа. Но што всушност значи инвестицијата во дигитализација? Или, поточно, што значи за малите бизниси вложувањето во дигитализација? И дали тие можат да си го дозволат тоа?
„Ние прво имаме проблем во дигиталната писменост во секторот на мали и средни претпријатија, па можеби и кај големите компании. Имаме проблем со дигиталната писменост не само на луѓето што работат туку и на основачите и менаџментот“, вели Драган Пехчевски, кој инаку е експерт по банкарство и сопственик на „Фина консалтинг“, компанија што нуди комплетни финансиски услуги.