Секој петти жител на Македонија лани бил сиромашен, а најтешко живеат семејствата со три и повеќе деца, покажуваат податоците на статистиката.
Стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21.9 отсто. Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за минатата година врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Прочитај повеќе
Ни требаат безмалку милион евра за да го живееме „американскиот сон“ во Македонија
Домувањето, здравствената заштита, пензиската сигурност, семејството, автомобилот, одморите и домашните миленици се некои од главните цели во животот за повеќето луѓе
16.09.2025
Банка, фонд, а по малку и крипто - каде вложуваат Македонците за своите деца?
Анализираме како инвестираат македонските граѓани за финансиска сигурност на своите деца.
02.09.2025
Недовербата во државата клучна за демографските предизвици на Македонија
Падот на наталитетот е процес што започна од пред 20-тина години, но сега неговото темпо забрзува.
15.07.2025
Ќе има ли системски реформи за згрижување на сите деца во градинките?
Во државните градинки се запишани 37.609 деца, а на листа на чекање во моментов се 6.528 деца. Приватни детски градинки се со капацитет од речиси 2.300 деца.
15.07.2025
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1 отсто.
Праг на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години) се смета дека е приход од 374 400 денари годишно (6.000 евра), а за самците овој праг изнеусва 178 286 денари годишно (2900 евра)
Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0 отсто.
Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29.1отсто.