Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесува 45. 961 денар, што е зголемување за 9,4 проценти во однос на ноември 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за 16,5 % проценти, дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 процент и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,9 проценти“, информираат од ДЗС.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3,5 проценти, административни и помошни услужни дејности за 2,2 проценти и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,2 проценти.
Прочитај повеќе
Ако не купите ништо друго, колку плати ви се потребни за стан во земјава?
Растот на цената на становите далеку го надминува растот на платите. Последниот достапен податок за просечната плата на државно ниво покажува дека номинално заклучно со октомври таа пораснала за 9,8 отсто на годишно ниво. Но растот на цените на недвижностите на годишно ниво во 2025 година надминува 20 отсто.
15.01.2026
Просечната плата во август изнесувала 45.310 денари
Двоцифрениот раст на просечната плата се должи на растот на платите во јавниот сектор односно во здравството, социјалната заштита, образованието и административни и помошни услужни дејности. Просечните плати во овие сектор бележат раст од над 14 отсто.
22.10.2025
Највисока и најниска плата – програмерите заработуваат 3,5 пати повеќе од рибарите
Анализираме кој колкава плата зема во Македонија и каде платите растеле најмногу, а каде најмалку.
29.09.2025
Просечната плата урива рекорди – реалност или балон
Дури 73,3 отсто од вработените не добиваат просечна плата.
12.09.2025
Милионери на платен список: Кој во јули добил над 300.000 евра плата во Македонија?
Според податоците кои „Блумберг Адрија“ ги доби од Управата за јавни приходи највисоката плата изнесувала 19.935.728 денари (324.158 евра). Во топ три највисоките плати влегуваат и тие од близу 217.000 евра и 170.000 евра.
04.09.2025