text size
Владата работи на тоа да обезбеди доволни количини струја по прифатливи цени за компаниите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната средба со претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески и претставници на 10 компании најголеми потрошувачи на електрична енергија рече дека освен со Бугарија и Грција, земјава преговара и со Србија и Албанија за ублажување на последиците од енергетската криза. Министерот потенцираше дека регионалниот пристап е најдобриот начин за справување со една од најтешките зими кои не очекуваат не само нас туку и цела Европа.