Анализата на потенцијалната штета што поголемото поскапување на нафтата би можело да му ја нанесе на економскиот раст е дел од вообичаените процени во периоди на тензии и не претставува прогноза, велат изворите, кои побарале да останат анонимни бидејќи станува збор за приватни прашања. Целта е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Уште пред почетокот на војната министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изразил загриженост дека конфликтот би можел да ги зголеми цените на нафтата и да го загрози економскиот раст, велат изворите. Високи функционери од Министерството за финансии со недели ѝ укажуваат на Белата куќа на ризиците од осцилации на цените на нафтата и бензинот. Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, ги нарече овие наводи „неточни“, истакнувајќи дека, иако администрацијата постојано проценува различни сценарија и нивните економски ефекти, функционерите не ја разгледуваат можноста цената на нафтата да достигне 200 долари по барел, ниту пак Бесент бил „загрижен“ поради краткорочните нарушувања предизвикани од операцијата „Епски гнев“ (Epic fury).
Прочитај повеќе
И покрај одбивањето од Иран, САД велат дека преговорите се во тек
Белата куќа инсистира дека преговорите со Иран се во тек, и покрај тоа што Техеран јавно ги отфрли американските предлози и изнесе нови услови за прекин на конфликтот.
пред 15 часа
Нафтениот шок ја лади американската економија
Војната со Иран почнува да го менува текот на американската економија, додека растечките цени на енергијата, послабиот раст на работните места и потпирањето на оптимизмот за вештачката интелигенција се комбинираат за да го зголемат ризикот од забавување.
пред 15 часа
Иран ги отфрли 15-те точки на Трамп и возврати со пет свои барања
Иран го отфрли американскиот предлог во 15 точки за прекин на војната и постави свои услови за прекин на огнот.
пред 20 часа
Пентагон планира испраќање на елитна армиска единица на Блискиот Исток
САД планираат да распоредат околу 3.000 војници од 82-та воздушно-десантна дивизија на Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“.
24.03.2026
Како што додаде тој, Бесент повеќепати истакнал „континуирана доверба“ и негова и на администрацијата во долгорочните изгледи на американската економија и глобалните енергетски пазари.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари - американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара. Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор. Трамп во понеделникот му даде рок од пет дена на Иран за постигнување спогодба.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа. Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија - реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Дури и на пониски нивоа, „Блумберг економикс“ проценува дека цена од 170 долари по барел во текот на неколку месеци би ја зголемила инфлацијата во САД и во Европа и би го забавила економскиот раст.
Трамп изјави дека не е загрижен поради растот на цените на енергентите, дури сугерирајќи дека тој раст би можел да има и позитивен ефект за САД, и дека очекува нагло намалување на цените на нафтата по завршувањето на војната.
Сепак, речиси целосното запирање на транспортот низ Ормускиот Теснец, низ кој инаку поминува околу 20 отсто од глобалниот извоз на нафта и гас, веќе ги погоди економиите низ светот.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, минатата недела предупреди дека конфликтот ги зголемува инфлаторните ризици. Централните банки во Франкфурт, Лондон и Јапонија се подготвуваат за можно зголемување на каматните стапки веќе следниот месец.
Во САД највидлив ефект е растот на малопродажните цени на бензинот за 30 отсто, со што се поништени намалувањата од претходната година, кои Трамп ги истакнуваше како „клучен економски успех“. Изгледите за монетарната политика во САД дополнително се замаглени, додека Федералните резерви го следат влијанието на повисоките цени на нафтата врз инфлацијата. Претседателот на Фед, Џером Пауел, минатата недела изјави дека „сè уште е рано за процена на ефектите од скокот на цените на нафтата врз американската економија“.