Свет

Голдман и Банка на Америка очекуваат ФЕД да ги крене стапките и во јуни

Извор: Jonnelle Marte/Bloomberg

18 февруари 2023, 15:30

Пазарите со 70 отсто ја проценуваат веројатноста за зголемување од 25 б.п. во јуни

ФЕД ги зголеми каматните стапки на 4,75 отсто

Конечната стапка сега се очекува да биде 5,5 отсто

Голдман и Банка на Америка очекуваат ФЕД да ги крене стапките и во јуни

Bloomberg

Економистите од компанијата „Банка на Америка“ (Bank of America Corp. - BofA) и „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.) сметаат дека ФЕД во САД ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки подолго од очекуваното поради поповолните економски показатели.

Иако дел од ова може да се припише на сезонското ажурирање, „тешко е да се игнорираат“ податоците за вработување кои сугерираат дека пазарот на трудот е во нагорна линија, посочуваат во белешка групата економисти на BofA предводени од Мајкл Гапен. Тие сега предвидуваат дека ФЕД ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени во јуни, а крајниот опсег ќе биде од 5,25 до 5,5 проценти. Претходните очекувања беа дека овој опсег ќе биде за четвртина процентен поен помал.

Инвеститорите сè повеќе веруваат дека ФЕД ќе мора дополнително да ги зголеми стапките, а пазарите темелно ги проценуваат изгледите за 25 базични поени за март и мај. Според пазарите, веројатноста дека истото ќе се случи и во јуни е 70 проценти.

Економистите на „Голдман сакс“ во четвртокот ја ревидираа својата проекција која сега вклучува трето зголемување од 25 базични поени во јуни. Како причини ги наведуваат „отпорниот раст и поповолните вести за инфлацијата“. Економските извештаи објавени неделава покажаа дека растот на цените е побрз од очекуваното, но и дека продажбата на мало останува силна.

Американската централна банка агресивно ја зголеми својата референтна каматна стапка (која беше блиску до нула во март 2022 година) на опсег од 4,5 до 4,75 проценти. Двајца функционери на ФЕД кои се за натамошно заострување на монетарната политика рекоа дека има причина да се зголемат стапките за половина процентен поен во февруари, додавајќи дека поголеми покачувања сè уште се на маса во поглед на следните состаноци.

Фед пред одлука за каматните стапки - аналитичарите не очекуваат промена
Свет

Фед пред одлука за каматните стапки - аналитичарите не очекуваат промена

Претставниците на Фед на денешниот состанок веројатно ќе одлучат да ги задржат каматните стапки на истото ниво, купувајќи со тоа време да проценат како политиките на претседателот Трамп ќе влијаат врз економијата.

19.03.2025

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите