text size
Цените на оризот во Азија се искачија на највисоко ниво по повеќе од две години, поради страв на увозниците дека со почетокот на феноменот „Ел Нињо„(El Ninjo) ќе се исушат насадите и ќе се уништат посевите. Референтната цена на оризот во регионот, тајландскиот бел ориз, се зголеми за 15 отсто во изминатите четири месеци на 535 долари што е највисок раст регистиран од почетокот на март 2021 година според податоците на Асоцијацијата на извозници на ориз во Тајланд.