Глобалниот пазар на бакар закрепнува од најголемиот шок досега во годината на политички изненадувања, насилни ценовни флуктуации и невидена дислокација на трговијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со 50 проценти царини за увоз на бакар, но ги исклучи клучните производи, вклучувајќи го и рафинираниот метал, кои се главен столб на меѓународниот синџир на снабдување. Овој потег предизвика рекорден пад на цените во САД, по невиден период на големи профити за трговците што брзаа со увоз на овој метал во САД пред царините да стапат во сила.
Ова многу отстапува од пазарните очекувања, сметаат некои од аналитичарите. Тие што се обложуваа на повисоки цени во САД „ги потрошија сите свои напори“ и глобалните текови на бакар ќе се вратат во нормала.
Прочитај повеќе

Трговците со бакар во трка со времето пред новите царини во САД
Паника владее на пазарот на бакар, каде што трговците брзаат да ги завршат испораките кон САД пред новите царини на Доналд Трамп да стапат во сила на 1 август.
10.07.2025

Трамп најави царини од 25 отсто за Индија
Освен царини, Трамп најави и дополнителни казни за земјата
30.07.2025

Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ е неизводлив, еве зошто
Договорот ЕУ–САД воведува царини и амбициозни енергетски цели.
30.07.2025

Фјучерсите за бакар на Comex во Њујорк паднаа за повеќе од 20 проценти - најмногу досега - бидејќи трговците ја рекалибрираа вредноста на металот во САД во споредба со остатокот од светот. Со оглед на тоа што цените на Лондонската берза за метали утрово не се променија многу, премијата на американските цени во однос на LME се урна на околу еден отсто, од повеќе од 30 проценти пред една недела.
Одлуката за ослободување на рафинираниот бакар ќе ја потресе глобалната трговија со металот, кој игра клучна улога во светската економија благодарение на неговата широка употреба во електричните инсталации. Огромни количества сега се наоѓаат во американските магацини, а веќе има шпекулации за потенцијален реекспорт. Овој потег исто така претставува олеснување за американските купувачи по предупредувањата за потенцијално уништување на побарувачката.
Бакарна треска
Кога Трамп првпат ја најави веројатноста за царини на почетокот на годинава, цените во САД скокнаа во однос на остатокот од светот, а големите трговци се потрудија да достават метал до американските пристаништа, во трговија за која некои индустриски ветерани рекоа дека е најобемната што некогаш ја виделе.
На почетокот на јули Трамп рече дека царината ќе биде повисока од очекуваните 50 проценти, што ги зголеми потенцијалните награди. Тоа предизвика трка во последен момент, со барем еден брод натоварен со бакар што брзаше кон Хаваи пред крајот на месецов.
Аналитичарите во „Голдман Сакс“ рекоа дека се „изненадени“ од исклучоците, но додадоа дека не гледаат дека тоа ќе ги промени фундаменталните пазари и не очекуваат реекспорт од САД во голем обем. Цените на Comex треба да останат барем на исто ниво со цените на LME, рекоа тие.
Бакарот падна за 0,2 проценти на LME, на 9.682 долари за тон, во рамките на тргувањето по шангајско време, додека бакарот на Comex беше за 21 отсто понизок, паѓајќи на 4,438 долари за фунта.
Сигурност во снабдувањето
Објавата на претседателот на помалку од 48 часа пред почетокот на царините го илустрира неговиот брз пристап кон трговската политика, но и предизвиците со кои се соочува во обновата на американската металургиска индустрија. Некои клучни играчи во американскиот сектор за бакар тврдеа дека земјата едноставно нема доволен капацитет толку брзо да го замени целиот свој увоз.
Царината од 50 проценти што беше објавена вчера ќе се однесува на полуготови производи како што се цевки, жици, прачки и лимови, како и на стоки со интензивна содржина на бакар како што се споеви за цевки, кабли, конектори и електрични компоненти, според соопштението на Белата куќа. Помалку преработените стоки - вклучувајќи руда, концентрати, камен, катоди и аноди - не подлежат на царините.
Сепак, можноста за увозни царини за рафиниран бакар не е целосно исчезната. Наместо тоа, Министерството за трговија препорача одложено воведување, со стапка поставена на 15 проценти, почнувајќи од 2027 година, а која би требало да се зголеми на 30 отсто во 2028 година. Трамп му наложи на ресорното министерство да обезбеди ажурирање за пазарите на бакар во САД до крајот на јуни 2026 година.
„Иако сме изненадени од речиси целосното повлекување на предложените царини за бакар, сметаме дека ова покажува дека администрацијата на Трамп сè уште е фокусирана на сигурноста во снабдувањето со бакар“, велат аналитичарите на „Голдман“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...