Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, предупреди да не се доведува во прашање независноста на креаторите на политиките и на нивните институции, нагласувајќи дека економиите ризикуваат да станат нефункционални доколку владите се вмешаат во одредувањето на каматните стапки.
„Независноста на секоја централна банка е критично важна“, изјави Лагард за „Фокс њуз“ во емисијата „Сандeј морнинг фјучрс“ (Sunday Morning Futures).
„Ние мора да бидеме отчетни, мора да поднесуваме извештаи и да одговараме на сите прашања, било пред Конгресот во САД или, во мојот случај, пред Европскиот парламент. Но од витално значење е централната банка да биде независна.“
Прочитај повеќе

Странските работници го спасуваат европскиот пазар на труд
Европскиот пазар на труд остана стабилен и покрај инфлацијата и каматните шокови, а клучната улога во тоа ја одиграа странските работници, смета претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
24.08.2025

Еврозоната е отпорна и покрај трговските проблеми, вели Пацалидес од ЕЦБ
Податоците објавени на 30 јули покажаа дека економијата во 20-члената монетарна унија успеа да постигне раст од 0,1 процент во вториот квартал.
03.08.2025

Трамп бара оставка од гувернерката Кук - продолжува притисокот врз Фед
Трамп во средата изјави дека Кук „мора веднаш да поднесе оставка“
20.08.2025

Лагард: Насилничкото однесување во трговијата нема да функционира на долг рок
Претседателката на ЕЦБ смета дека актуелните трговски политики не се одржливи
11.06.2025
Таа додаде дека за време на нејзиниот мандат на чело на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) имала можност да види што се случува кога независноста на централната банка е под закана.
„Станува нефункционална, почнува да прави работи што не треба да ги прави“, рече Лагард.
„Следниот чекор е нарушување. Тоа е нестабилност, ако не и нешто полошо. Затоа мислам дека ова воопшто не треба да се дебатира.“
Во САД, каде што Лагард присуствуваше на годишниот симпозиум на Федералните резерви (Federal Reserve) во Џексон Хол, во Вајоминг, претседателот на Фед, Џером Пауел, е под постојани напади од американскиот претседател Доналд Трамп поради неговото одбивање да ги намали каматните стапки. Официјалните лица што учествуваа на собирот му изразија поддршка со стоечки аплауз пред неговиот говор.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...