text size
Сè повеќе инвестициски фондови ја отстрануваат EСГ ознаката од своите имиња, но тоа не значи дека се откажуваат од одржливото инвестирање. Некои продолжуваат да инвестираат на ист начин како и претходно, но поради промената на името нивните средства повеќе не влегуваат во статистиката за одржливи фондови. Ваквата практика значително влијае врз прикажувањето на реалниот раст на пазарот.