text size
Три топлотни брана за само шест недели и најтопол јуни во историјата. Со ова се соочи Западна Европа на стартот на ова лето. Бранот што го зафати континентот по 20 јуни донесе температури кои се до 2,5°C потопли отколку пред околу 30 години, а веројатно и околу 3,5°C потопли отколку пред 50 години, стои во анализата на „Климаметер“.