text size
Во март годинава почна подготовката на законот за финансиски инструменти. Потребата од овој закон се јавува поради нецелосната усогласеност на постојниот Закон за хартии од вредност, кој е од 2005 година, со правото на Европската Унија (ЕУ) во областа на пазарот на капитал. Целта на законот е воведување нови финансиски инструменти и регулирани пазари, создавање инфраструктура на македонскиот пазар на капитал со инфраструктурата на ЕУ, зголемена транспарентност и безбедност за инвеститорите во Македонија.