text size
Иако поголемиот дел од светот, барем оној дел што не живееше под јаремот на авторитарни и тоталитарни режими, се навикна на можноста за слободна размена на податоци и уживање во забавните содржини создадени низ планетата, враќањето на геополитичката конкуренција, тоа еден вид доказ дека историјата не заврши со падот на Берлинскиот ѕид, тоа го означува и почетокот на повторното разграничување на информацискиот простор на националните држави загрижени за нивната безбедност. Дваесет и четврти април, денот кога претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден го потпиша законот за потенцијална забрана на Тикток, претходно донесен во двата дома на американскиот Конгрес со двопартиска поддршка, е илустративен пример од почетната реченица на овој текст.