text size
Централните банки ја олабавуваат рестриктивната монетарна политика преку намалување на референтните каматни стапки, со оглед на тоа што инфлацијата во моментов е под контрола со мала доза на упорност. Европската централна банка (ЕЦБ) продолжи да ги намалува каматите по летната пауза за дополнителни 25 базични поени, во согласност со очекувањата. Народната банка на Србија (НБС) ја следеше ЕЦБ и ја спушти каматната стапка на 5,75 проценти, додека Народната банка на Македонија (НБРМ) за првпат по циклусот на монетарно затегнување почна со спуштање на каматата за 25 базични поени, на 6,05 отсто, поради поповолното инфлаторно опкружување. Американските Федерални резерви (Фед) месецов беа последни во редот за носење одлука и исто така се одлучија за првото намалување, малку изненадувачки, за 50 базични поени, со горна граница од пет отсто. Одлуките на централните банки главно позитивно се проследени на пазарите на капитал, како во делот на акциите така и кај обврзниците, кои едвај го дочекаа попуштањето на каматните стапки. Но во САД сепак дојде до мало изненадување, што предизвика измешани размислувања кај инвеститорите, кои се прашуваат дали Фед гледа полоши показатели од тоа што го гледаат тие.