Вкупниот промет на Македонската берза во февруари годинава изнесувал 856,3 милиони денари (13,9 милиони евра), што е зголемување за 88,8 проценти во однос на јануари, кога вкупниот промет изнесувал 453,3 милиони денари (7,3 милиони евра), покажуваат податоците од новиот февруарски билтен на берзата.
Во февруари има зголемување на бројот на трансакции во класичното тргување за 42,2 проценти во однос на јануари, а за 137,5 проценти е зголемен и бројот на блок трансакции.
Македонскиот берзански индекс МБИ10 на 27 февруари достигна максимална вредност од 6.828,42, што е зголемување за 11,35 проценти во однос на крајот на минатата година.
Прочитај повеќе
Висок старт на Македонската берза на почетокот од 2024 година
Зголемување од 38,9 проценти на прометот во јануари 2024 година во однос на остварениот промет во декември 2023 година.
07.02.2024
Зелените обврзници од државата да бидат поттик за компаниите за ЕСГ-обврзници
Државата лани направи емисии на обврзници, меѓу кои и на зелени обврзници, а со тоа сме едни од ретките во регионот.
05.02.2024
На Македонската берза ѝ треба инјекција во 2024 година
Воведувањето на данокот на капитални добивки од 2023 година само дополнително го намали интересот на инвеститорите.
28.12.2023
Кои се рекордерите на Македонската берза?
Над илјада трансакции годинава биле остварени само со акциите на „Комерцијална банка“ (3.861 трансакција) и на „Алкалоид“ (1.856 трансакции).
22.11.2023
Македонската и регионалните берзи ја сонуваат 2007-та: Странците никако да се вратат
Изминаа петнаесетина години од големата финансиска криза во 2007 година, пред која „жешките пари“ од странските инвеститори ги зовриваа индексите и на нашата и на регионалните берзи.
16.11.2023
Минатиот месец најтргувани биле акциите на „Комерцијална банка“, „Алкалоид“, „НЛБ банка“, „Стопанска банка Битола“ и на „Макпетрол“.
Најголем пораст на вредноста од 12,15 проценти во февруари имале акциите на „УНИ банка“, „Комерцијална банка“ (7,09 проценти) и на „НЛБ банка“ (6,77 проценти). Најголемо опаѓање имале акциите на „Стопанска банка Скопје“ – приоритетни (8,75 проценти), „Витаминка“ (6,54 проценти) и на „Окта“ (1,80 проценти).