text size
На прсти можат да се избројат странските правни и физички лица што активно тргуваат на Македонската берза, а слична е состојбата и на берзите во Белград, Загреб и во другите центри во регионот. Изминаа петнаесетина години од големата финансиска криза во 2007 година, пред која „жешките пари“ од странските инвеститори ги зовриваа индексите и на нашата и на регионалните берзи. Се чини дека оттогаш има континуиран одлив на странскиот капитал од пазарите во регионот и, освен ретките исклучоци, има постојано намалување на интересот за инвестирање во акциите од компаниите од овие простори.