text size
Инвеститорите во акции од пазарите во развој имаат причина повеќе за веселба за време на новогодишните празници бидејќи како што се наближува крајот на 2025 година така станува јасно дека тие прв пат по неколку години ќе ја завршат годината со многу подобри резултати отколку пазарите во развиените економии. Растот на пазарите во развој годинава го предводеа Јужна Кореја, Јужна Африка, Полска, Бразил, Мексико и Кина, а тоа најдобро го отсликуваат главните берзански индекси во овие земји. Клучното прашање меѓу светската инвеститорска јавност сега е дали позитивниот моментум на пазарите во развој ќе продолжи и во 2026 година. Повеќето аналитичари од реномирани финансиски институции предвидуваат розови времиња за пазарите во развој.