Биткоинот утрово достигна историски највисока вредност од 109.241 долар додека САД се подготвуваат да го инаугурираат новоизбраниот прокрипто претседател Доналд Трамп.
XBTUSD:CUR
XBT-USD Cross Rate
107.498,22 USD
+3.941,92 +3,81%
почетна цена
103.556,29
претходна цена на затворање
103.556,3
промена од почетокот на годината
9,3781%
дневен опсег
99.488,18 - 109.241,14
опсег на 52 недели
49.212,74 - 109.241,14
Оригиналната криптовалута утрово се зголеми дури за 5,5 проценти, со што постави нов рекорд. Растот на вредноста на токенот дојде откако Трамп и неговата сопруга Меланија ги претставија мемекоините во текот на викендот, при што Трамп брзо достигна пазарна капитализација од повеќе од 15 милијарди долари пред нагло да падне.
Тие мемекоини накратко го потресоа пазарот на дигитални средства, намалувајќи ги приливите кај биткоинот и помалите токени, истовремено привлекувајќи критики од експертите во индустријата.
Прочитај повеќе
Трамп планира да ги прогласи криптовалутите за национален приоритет
Новиот американски претседател планира да издаде извршна наредба со која криптовалутите ќе станат приоритет во политиката.
17.01.2025
Шпекулации: Зошто расте цената на криптовалутата ХРП
Цената на ХРП порасна за повеќе од осум отсто за еден ден, а за дури 20 отсто за една недела.
пред 19 часа
Крипто ЕТФ-ови: Дали ни претстои експлозија на нови фондови во 2025 година?
Неколку фондови поврзани со крипто чекаат одобрение за тргување на берзите во САД.
07.01.2025
Дали криптопазарите можат да го надминат растот од годинава?
Годината на криптопазарот беше сè освен здодевна.
27.12.2024
Биткоинот, второрангираниот токен етер и ХРП утрово рапидно пораснаа во Лондон, додека трговците ги одбројуваат часовите до моментот кога Трамп повторно ќе ја преземе контролата врз Белата куќа. „Блумберг њуз“ (Bloomberg News) претходно објави дека тој размислува за извршна наредба со која дигиталните средства ќе ги означи како „национален приоритет“.
„Мемекоините што ги лансираа Трамп и неговиот тим дополнително го забрзаа растот на биткоинот бидејќи трговците бараат републиканецот да даде приоритет и да ја потврди својата посветеност на криптоиндустријата“, рече Бен Ел-Баз, извршен директор на „Хашки глобал“ (HashKey Global).