Од почетокот на ноември досега цените на природниот гас се зголемија за околу 20 отсто поради студеното време. Невообичаено ниските температури за ноември се закана за и така затегнатиот глобален пазар.
Оптимизмот од пред извесно време веќе го нема, а полека се остварува песимистичкото сценарио. Имено, „Блумберг“ предупреди дека топлата зима лани придонесе европските складишта со гас да бидат полни пред крајниот рок, што влијаеше и на стабилноста на цената на енергентот.
Уште тогаш предупредувањата одеа во правец на тоа дека ако зимата биде како претходната, нема ризици по снабдувањето и цената. Но веќе есента покажува дека ризиците растат. Дополнително, студената зима ќе ги натера азиските и европските потрошувачи да си конкурираат за истиот гас, што ќе ја зголемува цената во следниот период.
Прочитај повеќе
Нуклеарна централа во Македонија - за и против
Притисната од потребата за намалување на штетните емисии, Европа се врти кон нуклеарките.
19.11.2024
Јаглеродна давачка - нов удар за цената на струјата и извозните производи
Од 1 јануари 2026 година домашните компании ќе подлежат на плаќање јаглеродна давачка.
13.11.2024
Познати бизнисмени го трасираат патот кон геотермалното елдорадо во Хрватска
„Гео пауер Загоча“ од групацијата ЕНА планира градба на најголемата геотермална централа во ЕУ.
06.11.2024
Регионот го очекуваат сурова зима и поскапа струја
Уништената енергетска инфраструктура во Украина ја поскапува струјата за регионот.
17.10.2024
„Колку ќе стане таа борба голема ќе зависи целосно од временските услови“, изјави вчера главниот извршен директор на „Еквинор“ (Equinor), Андерс Опедал, за време на есенската конференција на компанијата. Според него, не треба да се плашиме од екстремна нестабилност како во 2022 година, но тој смета дека малите промени на пазарот ќе имаат големо влијание врз цените бидејќи „ние сме на работ кога станува збор за кривата понуда-побарувачка“.
Европските складишта ќе се полнат со скап гас
Другиот проблем што се посочуваше како закана за снабдување е транзитот на руски гас преку Украина за Централна Европа. Договорот за овој процес истекува во декември и транзитот ќе продолжи само ако Москва и Киев се договорат за тоа. Последните случувања на фронтот не одат во прилог на оваа теза.
Во наредните денови се очекува температурите, особено во Северозападна Европа, повторно да паднат. Тоа придонесува европските складишта со гас брзо да се празнат. Сега тие се на ниво од 88 отсто.
На крајот на последната грејна сезона паднаа до 59 отсто. Со сегашните температури и прогнозите за следните месеци, очекувањата се дека на крајот на оваа грејна сезона складиштата ќе имаат само 42 отсто резерви од гас.
Тоа значи дека Европа ќе се снабдува сo скап енергент во моментите кога повторно ќе треба да ги полни складиштата. Во моментов, пак, цената на гасот изнесува над 48 евра за мегават-час. Просечната цена во текот на годинава изнесуваше околу 38 евра за мегават-час.
Струјата поскапува, инфлацијата се подгрева повторно
Повисоките цени на гасот ја диктираат и повисоката цена на струјата. На берзата во Унгарија во последните триесет дена таа силно осцилираше, просечната цена надмина 350 евра за мегават-час, а највисоката цена кон средината на месецов надминуваше и 530 евра, што потсетува на периодот на енергетската криза во 2022 година.
Високите цени на струјата се ризик за инфлацијата. Аналитичарката на „Блумберг Адрија“ Марина Петров Савиќ вели дека цените на енергијата имаат висок пренос, па оттука властите ќе треба да ги мерат ефектите од преземањето мерки за регулација на цената на струјата.
„Па, иако регулацијата на цените носи свои трошоци, таа исто така има придобивки во смисла на ограничување на трошоците (особено во енергетски интензивните индустрии), а со тоа и на ограничување на ефектите на инфлацијата“, изјави таа неодамна.
Цената на природниот гас на берзите расте, но не се очекува драматичен раст каков што беше случајот за време на енергетската криза вели во интервјуто за „Блумберг Адрија“, Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Моменталната цената од 48 евра за мегават-час ќе се задржи во следниот период, максималната цена според Бисломоски може да достигне 50 евра за мегават-час. |
Македонските граѓани чекаат нова цена на струјата
Македонските компании, особено малите, предупредуваат на негативните последици од продолжување на сегашниот тренд на раст на цената на слободниот пазар.
Сепак, од Регулаторната комисија за енергетика велат дека за нив и натаму постои можноста да се вратат на регулираниот пазар.
Многу од нив во текот на енергетската криза со струја се снабдуваа на регулираниот пазар поради пониската цена, но од ноември лани почнаа да се префрлаат на слободен пазар поради тоа што таму цените беа поповолни. Оттогаш до февруари годинава на регулиран пазар преминале над 17.000 мали потрошувачи.
Паралелно се прават пресметки и за новата цена за струјата за домаќинствата, која ќе важи од 1 јануари. Власта убедува дека нема да има ценовен шок и дека поскапувањето може да изнесува до три проценти или да ги засега само потрошувачите што трошат повеќе струја и влегуваат во третиот и четвртиот тарифен блок.