text size
Според сите параметри, Хрватска треба да биде геотермално елдорадо, но и покрај зголемениот интерес на инвеститорите за вложувања, сепак и по десет години зборуваме за неискористен потенцијал. Токму затоа големо внимание привлече веста дека компанијата „Гео пауер Загоча“ од групацијата ЕНА планира да ја изгради најголемата геотермална централа во Европската Унија со технологија ОРЦ (Organic Rankine Cycle), која гарантира затворен и најчист систем за производство на електрична енергија.