Трговците со биткоини сè повеќе се обложуваат на значително повисоки цени, додека најголемата светска криптовалута се приближува до својот релативно свеж историски максимум.
Опциите „кол“ (Call) со рок на достасување на 27 јуни и цена од 300.000 долари, иако далеку над моменталната пазарна вредност, според отворениот интерес се на второ место на берзата за криптодеривати Дербит (Deribit) – веднаш по оние со цена од 110.000 долари. Токму договорите што достасуваат на 27 јуни имаат најголем отворен интерес меѓу сите рокови на достасување.
„Распределбата на опциите сè уште има позитивен наклон низ сите рокови, при што опциите ‘кол’ надвор од парите се тргуваат значително поскапо од опциите ‘пут’ (put) – дури и за рокови до една година, што укажува на позиционирање за раст“, рече Џефри Хауард, шеф на северноамериканскиот пазар во криптоброкерската фирма „Нонко“ (Nonco).
Во вторникот биткоинот се тргуваше околу 106.000 долари, што е помалку од три отсто под рекордот од 109.241 долар забележан на 20 јануари – денот кога Доналд Трамп по вторпат беше инаугуриран за претседател на САД. Цената потоа опадна за околу 30 отсто, за потоа во последните неколку недели повторно да закрепне.
Bloomberg
Според податоците собрани од аналитичката фирма „Амбердата“ (Amberdata), растот на отворениот интерес на Дербит во последните 24 часа е концентриран на опциите со цена над 110.000 долари, додека најголем број „хеџирања“ беа забележани околу цената од 105.000 долари.
XBTUSD:CUR
XBT-USD Cross Rate
107.940,33 USD
+987,13 +0,92%
почетна цена
106.953,18
претходна цена на затворање
106.953,2
промена од почетокот на годината
14,1018%
дневен опсег
105.965,43 - 107.964,12
опсег на 52 недели
52.598,86 - 109.241,11
Овој пресврт меѓу трговците со опции се случува во момент кога тензиите меѓу САД и нивните главни трговски партнери се намалуваат благодарение на податоците за инфлацијата за април, кои се послаби од очекуваното.
„Расположението на пазарот се подобри на почетокот од неделата поради неочекуваното трговско примирје меѓу САД и Кина“, изјави Николaј Карпенко, менаџер за односи со клиенти во компанијата Б2Ц2 (B2C2). „Приливот на средства во криптовалути останува стабилен, предводен од корпоративни трезорски алокации и побарувачка за берзански фондови, додека макроинвеститорите сè уште се претпазливи и не влегуваат повторно на пазарот само врз основа на надежта за намалување на каматните стапки“.
Иако нестабилноста опадна бидејќи биткоинот последниве денови се движи во тесен опсег, наклонот „кол“ значително порасна бидејќи обновената побарувачка за опции на раст го следи неодамнешниот пораст кон рекордни вредности, оценува Рави Доши, еден од директорите на пазарот во брокерската фирма „Фалкон Х“ (FalconX).
Порастот на краткорочните опции со цени во релативно тесен опсег создава услови за таканаречен „гама сквиз“ – ситуација во која нагла промена на цената може да предизвика брзи осцилации на пазарот.
Ако се купат голем број опции „кол“, нивните продавачи – обично дилери или маркетмејкери – мора да се заштитат од ризик. Најчестиот начин за тоа е купување на основниот инструмент, во овој случај биткоинот, со цел да се избегне изложеност на пазарниот правец.
„Ако го погледнеме позиционирањето на дилерите на Дербит за биткоинот, ќе видиме дека тие се ‘кратки’ на големо количество ‘гама’ на 110.000 долари, затоа што трговците купуваат опции за нови историски максимуми“, вели Грег Магадини, директор на секторот за деривати во „Амбердата“. „Тоа ни покажува дека пазарот се подготвува за пробивање на рекордот, а кога еднаш ќе се влезе во неистражена ценовна територија, никој со сигурност не може да каже до каде може да оди биткоинот“.