Пари

ЕЦБ уште неколку пати ќе ги зголемува каматите

Извор: Dara Doyle/Bloomberg

18. Септември 2022, 15:00

ЕЦБ сè уште е во процес на зголемување на стапките

Не може да се исклучи блага рецесија во еврозоната, вели главниот економист на ЕЦБ.

ЕЦБ уште неколку пати ќе ги зголемува каматите

Bloomberg

Европската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки „уште неколку“ пати, вели главниот економист Филип Лејн.

ЕЦБ сè уште е во процес на зголемување на стапките, изјави тој за ирската телевизија RTE во интервјуто во саботата.

Осврнувајќи се на прогнозите на неговата институција, Лејн рече дека не може да се исклучи блага рецесија во еврозоната.

ЕЦБ ги зголеми каматите за 75 базични поени овој месец, а шефот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, претходно во саботата изјави дека трошоците за задолжување ќе мора да се зголемат многу повеќе за да се одржи инфлацијата под контрола.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари