text size
Кремастата палата на Роман Абрамович во Кенсингтон со десетина спални соби ја чуваат полициски комбиња поставени на двата краја од улицата. Во блиското соседство живеат членови на британското кралско семејство, магнатот за челик, Лакшми Митал и сопственикот на „Ворнер мјузик груп“ (Warner Music Group), Лен Блаватник.