text size
Златото ја заврши годината блиску до нивото на цените со кое започна 2022 година, односно околу 1.800 долари за унца од 31,1 грам. Во меѓувреме, цената на благородниот метал се приближи до рекордно високо ниво, а потоа достигна најниско ниво во последните две години. Кон крајот на годината цената повторно порасна, а според аналитичарите растот ќе продолжи и годинава.