Нафтата е на пат да постигне најголем неделен раст од јуни откако американските санкции врз големите руски производители го потресоа пазарот, зголемувајќи ја можноста за прекини во снабдувањето и поголема побарувачка за алтернативни сорти.
Нафтата брент денеска се тргува близу 66 долари за барел, што е неделно зголемување од околу седум отсто, а нафтата ВТИ е под 62 долара. Рускиот проток на сурова нафта кон клучниот купувач Индија се очекува да се намали по казните врз „Роснефт“ (Rosneft PJSC) и „Лукоил“ (Lukoil PJSC), додека некои кинески државни рафинерии го прекинаа купувањето.
Мерките на САД доаѓаат во време кога глобалната понуда расте, а Русија има големо искуство во избегнување на санкциите - кои беа спроведени поради војната во Украина. Кувајтскиот министер за нафта рече дека ОПЕК (Организацијата на земји извознички на нафта) е подготвена да го зголеми производството доколку има поголема побарувачка и предупреди на повисоки цени на нафтата.
Прочитај повеќе
ЕУ им се придружи на САД: Нов пакет санкции насочени кон руската енергија
Мерките на ЕУ ќе го забранат увозот на течен природен гас (ЛНГ) од 2027 година.
23.10.2025
САД воведуваат санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“, расте цената на нафтата
Министерството за финансии ги стави на црната листа државните нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“ поради „недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес за ставање крај на војната во Украина“, се вели во соопштението од средата.
23.10.2025
Нафтата расте по веста дека САД и Индија се пред договор за намалување на руските текови
Брент порасна за 1,9 проценти и се тргуваше над 62 долари за барел, додека ВТИ се искачи над 58 долари.
22.10.2025
ЕУ се „откачува“ од руските горива, но сѐ уште троши милијарда евра месечно за нив
Македонија не е директно засегната од американските санкции врз „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), кои стапија во сила на 9 октомври.
20.10.2025
Кинеските големи компании го проценуваат влијанието на американските санкции, а некои престанаа со спот купувања на руска сурова нафта, според луѓе запознаени со ова прашање. Американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на состанокот следната недела да разговара со својот колега Шји Џјинпинг за трговијата со нафта меѓу Кина и Русија.
„Клучно во наредните недели ќе биде што ќе се случи со податоците за активностите на бродскиот превоз и, ако има знаци на ненадеен застој или нагло забавување на рускиот извоз, сигурно можеме да видиме уште еден пораст“, рече Роберт Рени, раководител за истражување стоки и јаглерод во „Вестпек бенкинг“ (Westpac Banking Corp).
Русија очекува удар врз својот буџет, но земјата ќе ја распореди својата мрежа на трговци и танкери во сенка за да го ограничи финансиското влијание, според функционер близок до Кремљ. „Роснефт“, предводен од блискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Игор Сечин, и „Лукоил“ се двата најголеми производители во земјата.
Bloomberg
Европската Унија исто така изврши дополнителен притисок врз Кремљ со нов пакет санкции насочени кон енергетската инфраструктура на земјата, додека Русија се соочува со редовни украински напади врз нејзините рафинерии, цевководи за сурова нафта и терминали за извоз. Вчера Киев презеде одговорност за нападот врз фабриката на „Роснефт“.
Трамп ги одложи казните за Русија, но недостигот од напредок во врска со мирот во Украина означи драматичен пресврт. Тоа е радикална промена на западната политика, која претходно се обидуваше да ги ограничи приходите за Кремљ преку ограничување на цените за да се спречи големо нарушување на снабдувањето и скок на цените.