Иран размислува за краткорочна пауза на испораките преку Ормускиот Tеснец за да избегне тестирање на американската блокада и да не ја загрози новата рунда мировни преговори, велат анонимни извори блиски до власите во Техеран.
Потенцијалната пауза ја одразува желбата да се избегне непосредна ескалација во чувствителен дипломатски момент, додека Вашингтон и Техеран ги договараат логистичките детали за нова директна средба, тврдат изворите.
Амбасадата на Иран во Велика Британија и министерството за надворешни работи во Техеран веднаш не одговорија на барањата за коментар.
Прочитај повеќе
Санкциониран танкер ја тестира американската блокада на Ормускиот Тесенц
Танкер санкциониран од САД и поврзан со Кина испловува од Ормускиот Теснец кон Оманскиот залив, тестирајќи ја поморската блокада на претседателот Доналд Трамп.
пред 4 часа
Почна блокадата на САД на Ормускиот Теснец, Трамп се закани со напад врз ирански бродови
Блокадата на Трамп ќе ја тестира издржливоста на кревкото примирје со Иран и ќе ја интензивира глобалната енергетска криза.
13.04.2026
Што знаеме за планот на Трамп за блокада на Ормускиот Теснец?
Иако точниот облик на блокадата е нејасен, таа речиси сигурно би вклучувала инспекција и забрана за некои бродови, можеби дури и качување и запленување на бродови со врски со Техеран.
13.04.2026
Рекорден пад на производството на ОПЕК бидејќи војната со Иран го задушува извозот
Производството од организацијата се намали за 7,88 милиони барели дневно на 20,79 милиони дневно во март.
13.04.2026
САД и Иран разгледуваат понатамошни преговори за продолжување на примирјето, објави „Блумберг“ во понеделникот, додека претседателот Доналд Трамп продолжува со поморската блокада за да го ограничи извозот на нафта од Исламската Република. Целта е да се одржат нови разговори пред примирјето да истече следната недела.
Задржувањето на поморската активност неколку дена се смета за една можна, прагматична мерка за спречување инцидент што би можел да ги поткопа кревките напори за оживување на дискусиите, велат изворите.
Сепак, пресметките на Иран остануваат променливи, велат тие. Исламската револуционерна гарда би можела брзо да го смени курсот, на пример, за да покаже дека американската блокада може да се оспори без последици - потег што би ризикувал да го поткопа дипломатскиот процес.
Трговците со нафта внимателно ги следат сите транзити низ клучниот Ормуски Теснец, при што Техеран го блокира речиси целото бродарство што не е од Иран, а САД сега спроведуваат сопствена блокада. Досега, Иран беше речиси единствената земја што испраќаше нафта преку водниот пат за време на конфликтот.