Илон Маск е бизнисмен за кого многу се зборува. Неговата остроумност ја револуционизира индустријата за електрични возила и вселенски патувања, а неодамна стана и десна рака на американскиот претседател Доналд Трамп, па се чини дека влијанието на Маск е сеприсутно.
Претприемачот е исто така магнет за контроверзии. Неговата компанија „Тесла“ (Tesla) е цел на исклучително негативни реакции. За сите контроверзии што го следуваат, како и за неговите планови и активностите на многу различни полиња, читајте го интервјуто што „Блумберг“ го направи со Маск за време на Економскиот форум во Катар.
Фалат странски инвеститори на Македонската берза, а и во регионот не е подобро
Годината 2007, кога Македонската берза го доживеа „бумот на столетието“, сега се чини само како далечен спомен, за некого пријатен, за некого не. Времето кога во брокерските куќи се чекаа редици за да се купат акции е зад нас, многумина се офајдија, но многумина го платија и данокот на неискуството и немањето финансиска едукација за тоа што значи инвестирање на берза.
Од оние што се офајдија, дефинитивно предничеа странските инвестициски фондови, претежно од Словенија и од Хрватска, кои всушност беа двигатели на вредноста на индексот МБИ10, која достигна историски рекордно ниво од над 10.000 поени токму таа 2007 година. Следната година почна светската финансиска криза, институционалните инвеститори од регионот ги исчистија своите портфолија во Македонија, индексот се стрмоглави на 2.000 поени, а оние што му се приклучија последни на стампедото на бикот ги изеде мечката, кажано во берзански жаргон.
Неделен преглед на берзите: Биткоинот со нов рекорд, Волстрит во минус, златото расте
Најзначајните вести од берзите минатата недела дојдоа од криптосветот, каде што цената на биткоинот во четвртокот го надмина претходниот рекорд, искачувајќи се на 111.862 долари, пред да падне малку.
„Всушност, овој нов рекорд се случи доста тивко. Нема посебна возбуда околу криптовалутите во пошироката јавност, иако биткоинот сè уште расте со неверојатно темпо. Ова е седма недела по ред во која неговата цена расте - што е доста импресивно“, коментира Домен Крегар, аналитичар во „Илирика“.
Што предлага ЕУ за трговско примирје, а не е по мера на Трамп?
Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли најновиот трговски предлог на Европската Унија (ЕУ), кој вклучуваше реципрочно укинување на царините за индустриски стоки, подобрен пристап до некои американски земјоделски производи и соработка во развојот на центри за податоци за вештачка интелигенција, според извори запознаени со ова прашање.
Во петокот Трамп на социјалните мрежи објави дека ќе воведе царина од 50 проценти на целиот увоз од ЕУ почнувајќи од 1 јуни, велејќи дека преговорите „не водат никаде“. Американскиот министер за финансии Скот Бесент истакна дека понудата на ЕУ е инфериорна во однос на предлозите од другите земји и изрази надеж дека најавата на претседателот ќе „ја поттикне ЕУ на акција“.
Трамп против Харвард: Што ќе донесе спорот?
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Харвард и другите приватни американски универзитети да ги променат своите политики. Американските власти тврдат дека универзитетите мора да сторат повеќе за борба против антисемитизмот и да ги заштитат правата на граѓаните на кампусот, а Харвард е казнет со замрзнување на 2,6 милијарди долари федерални грантови. Најбогатиот приватен универзитет во Америка го толкува ова како нов притисок, откако на странските студенти на универзитетот им беа одземени визите.
Нов подвиг на „Мајкрософт“: Новиот датацентар ќе го гради со „зелен“ цемент
„Мајкрософт“ (Microsoft) започнува соработка со стартапот „Сублајм системс“ (Sublime Systems) за намалување на индиректните емисии на стакленички гасови преку прв договор од ваков вид за купување цемент со ниска емисија на јаглерод. Договорот му овозможува на „Мајкрософт“ да купи до 622,5 илјади тони цемент од „Сублајм“ во период од шест до девет години.
„Сублајм“ користи електрохемиски процес, кој од производството го елиминира варовникот, главната состојка во цементот што ослободува јаглерод диоксид во стандардниот процес на загревање.