По ексалацијата на конфликтот меѓу вечните непријатели Израел и Иран, вкупно 22 македонски државјани досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија, информираше македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. Министерството упатува апел до сите кои имаат потреба од помош да се јават на СОС контактите.
МААЕ: Нанесена е критична штета на клучната иранска нуклеарна постројка
Израелските воздушни напади нанесоа критична штета на клучниот ирански нуклеарен објект за време на нападите викендов, според информациите од надзорното тело за атомска енергија на Обединетите нации, веројатно уназадувајќи го со месеци циклусот за ураниумско гориво во Исламската Република.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека повеќекратните израелски напади врз иранскиот објект за конверзија на ураниум во Исфахан, 400 километри јужно од Техеран, резултирале со сериозна штета.
Преглед на берзите: Стравовите од војна ги потресуваат пазарите
Израел рано во петокот започна воздушни напади врз нуклеарната програма и воените цели на Иран, а тие ескалираа во текот на викендот. Министерот за одбрана Израел Кац го нарече потегот превентивен удар, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападите ќе продолжат сè додека не се отстрани заканата.
Тензиите ги оптоварија пазарите, при што цените на нафтата растат, азиските берзи паѓаат, а доларот ги надоместува претходните загуби, додека трговците бегаат кон познатите безбедни засолништа.
Батериите стануваат стандард - складирањето струја е законска обврска
Новите производители на струја од обновливи извори на енергија ќе имаат обврска за складирање струја, а иста таква обврска има и државната енергетска компанија ЕСМ.
Новиот Закон за енергетика предвидува дека „електроцентралите кои користат варијабилен обновлив извор на енергија имаат обврска во склоп на електроцентралата да инсталираат складиште на електрична енергија со инсталирана моќност еднаква на 20 отсто од инсталираната моќност на електроцентралата изразен во MW. Капацитетот на складиштето мора да обезбеди циклус на полнење и празнење од минимум два часа со максимална инсталирана моќност на складиштето“.
„Амазон“ ќе инвестира 13 милијарди долари во центри за податоци во Австралија
„Амазон“ планира да инвестира 20 милијарди австралиски долари (13 милијарди американски долари) во Австралија помеѓу оваа и 2029 година за да ја развие својата инфраструктура на центри за податоци.
Инвестицијата, во центри за податоци во Сиднеј и Мелбурн е најголемата досега во Австралија од страна на глобална технолошка компанија, изјави премиерот Ентони Албанезе.
Продолжение на лудоста Лабубу - играчка продадена на аукција за 140.000 евра
Додека повеќето акции паѓаат, а инвеститорите се нервозни, акциите на производителот на играчките Лабубу (Labubu) фигури од слепата кутија (blind box) - растат. Ако се прашувавте каде оди светот, фактот дека зелената фигура на забесто чудовиште во човечка големина е продадена на аукција во Пекинг за повеќе од 140.000 евра може да помогне во одговорот на тоа прашање.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...