Израел и Иран продолжија со интензивните меѓусебни бомбардирања на територии трет ден, без знаци на запирање, со што расте загриженоста за поширок конфликт во еден од клучните региони за производство на нафта во светот. Пазарите на акции на Блискиот Исток опаднаа.
Израел денеска пријави нов бран ракетни напади од Иран, само неколку часа откако пресретна низа ракети и изврши истовремени напади врз Техеран. Од полноќ четири лица се убиени, а 207 повредени во нападите, соопштија службите за итни случаи. А, билансот од петокот покажува дека се убиени 13 лица, додека 380 се повредени.
Прочитај повеќе

Волстрит се соочува со стрес-тест од Блискиот Исток
Во годината кога кризите доаѓаа во бранови, трговците од Лондон до Њујорк одлучија да го задржат здивот наместо масовно да бегаат.
14.06.2025

Велика Британија е загрижена поради иранската нуклеарна програма
„Одамна изразуваме загриженост, сериозна загриженост, за нуклеарната програма на Иран и целосно го признаваме правото на Израел на самоодбрана“, рече Стармер.
14.06.2025

Израелски напади - убиени се врвни генерали на врховниот лидер на Иран
Израел ги уби највисоките ирански генерали во денешните напади пред зори, што може да се покаже како почеток на долготрајна војна.
13.06.2025

Израелскиот напад на Иран е клучен тест за статусот на доларот како прибежиште
Главната тема за разговор на пазарот оваа година, традиционалната улога на доларот како кризно засолниште, се соочува со клучен тест доколку ескалира нападот на Израел врз Иран.
13.06.2025
Одговорот на принципот „око за око“ следеше по извештаите за експлозии низ Иран, вклучително и една во постројка за природен гас поврзана со гигантското поле Јужен Парс.
Повеќето берзи на Блискиот Исток, вклучително и Израел, тргуваа за прв пат откако започнаа воздушните напади. Египетскиот берзански индекс EGX 30 падна за дури 7,7 проценти. Индексот The Tel Aviv Stock Exchange 35 на израелската берза падна за 1,5 отсто на отворањето. Индексот на акции на Саудиска Арабија Tadawul All Share Index се лизна за два отсто, а повисоките цени на нафтата предизвикаа раст во нејзината најголема компанија, „Сауди Арамко“, дури и кога повеќето други акции ослабеа.
Непријателството меѓу двете земји во петокот повторно се претвори во отворен конфликт, кога Израел превентивно ги нападна нуклеарните и воените објекти на Иран. Нападите оттогаш покажаа дека Израел ја одржува доминацијата во воздухот и ги истакнуваат границите на способноста на Техеран да пружи соодветен одговор.
За Иран, тоа е егзистенцијална дилема: не може да си дозволи да изгледа слабо, но неговите опции се стеснуваат, а посредничките групи што ги поддржува имаат ограничени опции за поддршка на Исламската Република, при што Израел ја намали иранската способност за напад.
Денеска Иран испали балистички ракети како одмазда, при што некои беа насочени кон инфраструктурата и енергетските објекти на Израел околу Хаифа, според државните медиуми. Израел им советуваше на жителите да останат во засолништата од бомби извесен (краток) период, додека неговите сили се обидуваа да ги пресретнат проектилите.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата војска ќе „нападне на секое место и секоја цел на режимот на ајатолахот“, додека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, еден ден претходно изјави дека Израел нема да може да „избега неповреден“ по нападите врз Исламската Република.
Ayatollah Ali Khamenei in 2024.Photographer: Majid Saeedi/Getty Images
Тековните напади и интензивниот конфликт испратија бранови удари низ финансиските пазари, при што нафтата во петокот скокна за седум проценти, а инвеститорите брзаат да купуваат средства кои важат за засолниште во кризни периоди, како што е златото. Светскиот индекс MSCI на акции на развиените земји падна најмногу од април.
Иран ја откажа следната рунда нуклеарни разговори со САД, кои беа закажани за денеска во Оман.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара договор што би ги ограничил нуклеарните активности на Иран во замена за олеснување на санкциите, на социјалните мрежи изјави дека „оваа војна меѓу Израел и Иран треба да заврши“.
Трамп и рускиот претседател Владимир Путин вчера разговараа за ескалацијата на кризата во телефонски разговор што траеше околу еден час.
За време на разговорот, рускиот лидер ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост за потенцијална ескалација што би можела да има „непредвидливи последици за целиот регион“, објави „Тасс“, цитирајќи го помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Трамп му рече на Путин дека не ја исклучува можноста за враќање на САД во преговорите за нуклеарната програма на Иран, рече Ушаков.
Соседите на Иран, загрижени дека конфликтот би можел да излезе од контрола и да се прошири, ги засилија дипломатските напори за запирање на борбите. Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повикувајќи на воздржаност.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со иранскиот лидер изјави дека дипломатијата е единственото решение за нуклеарниот проблем, што се чини како ќорсокак.
Атомската агенција на Обединетите нации соопшти дека израелските напади врз иранскиот погон за преработка на ураниум во Исфахан резултирале со сериозни штети. Оневозможувањето на објектот сериозно би ја намалило способноста на Иран да збогатува ураниум во големи количини.
Сепак, повеќето од иранските нуклеарни објекти се распоредени на многу локации, а некои се скриени длабоко под карпи и армиран бетон. Способноста на Израел да ги оштети, без помош од американско оружје и авиони, е ограничена.
Трамп, кој го предупреди Иран да се согласи на нуклеарен договор „пред да биде предоцна“, сè уште не посочил дали САД ќе му се придружат на Израел во нападот врз Иран.
Според извештај на „Аксиос“ (Axios), цитирајќи неименувани извори, израелските претставници ја повикале администрацијата на Трамп да се придружи на борбата против Техеран.
Понатамошна ескалација - особено какво било таргетирање на американските воени или дипломатски објекти во регионот - може да им помогне на иранските владетели да соберат политичка поддршка на домашен терен, но драматично би го интензивирало конфликтот.
Нејасно е дали Техеран разгледува опции како последен избор - како што е напад врз танкери во Ормутскиот теснец (теснец меѓу Оманскиот и Персискиот залив), преку кој производителите од Блискиот Исток испорачуваат околу една петтина од дневното светско производство. Таквиот вид акција може да ги вовлече САД, најмоќната војска во светот, во конфликтот, ризик што Техеран пресметал дека не може да си го дозволи, според аналитичарите на „Блумберг економикс“.
Photographer: Tomer Neuberg/AP Photo
Неколку врвни ирански генерали беа убиени, а клучната воена инфраструктура беше сериозно оштетена во првите напади на Израел во петокот, во кои загинаа речиси 80 лица, според официјалниот биланс.
Во саботата беа погодени четири локации во покраината Источен Азербејџан, како и меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран - каде што воздухопловните сили имаат база и каде што е седиштето на националниот авиопревозник, според иранските медиуми.
Израел, исто така, нападна згради на Министерството за одбрана, вклучувајќи го и неговото седиште, неколку станбени згради во предградијата на главниот град и складиште за нафта западно од градот, се наведува во извештаите.
Мрежата на сојузнички армии на Иран на Блискиот Исток е исто така сериозно ослабена од конфликтите на Израел со Хамас во Газа и Хезболах со седиште во Либан. Друг клучен сојузник, поранешниот претседател на Сирија, Башар ал-Асад, беше соборен кон крајот на минатата година кога неговата администрација падна под бунт на бунтовниците.
Воената командна структура на Иран е десеткувана од израелските акции. Водачот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК), Хосеин Салами, и началникот на воениот штаб, Мохамед Багери, беа убиени во напади, додека најмалку двајца други високи членови на ИРГК и некои атомски научници исто така загинаа.
Во меѓувреме, лидерите на Групата седум (Г-7) големи економии се собираат во Канада, а вниманието ќе биде насочено кон реакцијата на Трамп на конфликтот. На самиот почеток, постоеше заедничка желба да се држат настрана проблематичните геополитички прашања, но тоа ќе биде тешко со оглед на последиците од скокот на цените на нафтата врз инфлацијата.
— Текстот е напишан со помош од Фадва Ходали и Ден Вилијамс.
(Текстот постојано се ажурира со најновите информации во врска со конфликтот меѓу Израел и Иран. Последното ажурирање се однесува на билансот на жртви и повредени, како и на движењето на берзите кои веќе почнаа со работа - прв до четврти параграф.)
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...