Меѓусебните воздушни напади меѓу Израел и Иран, кои започнаа од петокот рано наутро и веќе трет ден нивниот интензитет само се зголемува, веќе резултираат со посериозни оштетувања на различни типови инфраструктура во свете земји. Последната информација што ги соопшти Израелската нафтена рафинерија, а пренесе МИА, е дека се оштетени нафтоводи и далеководи во израелскиот град Хаифа. Израелските медиуми ја потврдија ваквата информација преку поднесокот што компанијата го доставила до берзата во Тел Авив.
Според соопштението, на погодените локации нема жртви ниту повредени. И покрај делумниот прекин на некои производствени процеси, постројките на рафинеријата продолжуваат да работат.
Во меѓувреме, по ексалацијата на состојбите меѓу вечните непријатели Израел и Иран, вкупно 22 македонски државјани досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија, информираше македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Прочитај повеќе

МААЕ: Нанесена е критична штета на клучната иранска нуклеарна постројка
Израелските воздушни напади нанесоа критична штета на клучниот ирански нуклеарен објект за време на нападите викендов, според информациите од Обединетите нации.
15.06.2025

Израел и Иран со меѓусебни бомбардирања трет ден по ред, без знаци на попуштање
Израел и Иран продолжија со интензивните меѓусебни бомбардирања на територии трет ден, без знаци на запирање, со што расте загриженоста за поширок конфликт.
15.06.2025

Велика Британија е загрижена поради иранската нуклеарна програма
„Одамна изразуваме загриженост, сериозна загриженост, за нуклеарната програма на Иран и целосно го признаваме правото на Израел на самоодбрана“, рече Стармер.
14.06.2025

Израелски напади - убиени се врвни генерали на врховниот лидер на Иран
Израел ги уби највисоките ирански генерали во денешните напади пред зори, што може да се покаже како почеток на долготрајна војна.
13.06.2025
Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.
„Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање“, стои во соопштението од министерството.
За помош, поддршка и асистенција за евакуација од Израел, граѓаните може да се обратат на следните контакти (достапни 24 часа дневно):
|
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...