Претседателот Доналд Трамп ѝ се закани на „Епл“ (Apple Inc.) со царина од најмалку 25 проценти ако не ги произведува своите ајфони во САД, зголемувајќи го притисокот врз технолошкиот гигант да обезбеди поголемо домашно производство.
„Одамна го информирав Тим Кук од ‚Епл‘ дека очекувам нивните ајфони што ќе се продаваат во Соединетите Американски Држави да бидат произведени и изградени во Соединетите Американски Држави, а не во Индија, или на кое било друго место“, рече Трамп во објава на „Трут сошл“. „Ако тоа не е случај, ‚Епл‘ мора да плати царина од најмалку 25 проценти на САД.“
Фјучерсите на американските акции паднаа на најниски нивоа на сесијата по објавата на Трамп, а договорите на Nasdaq 100 го предводеа падот. Акциите на „Епл“ паднаа за 4 проценти.
Прочитај повеќе

Вештачка интелигенција во ајфоните ќе го продолжува траењето на батеријата
Режимот за управување со батеријата пристигнува со иос 19 во септември...
13.05.2025

Царините ќе му отворат на „Епл“ трошоци од 900 милиони долари
Во четвртокот компанијата објави дека продажбата во Кина била послаба од очекувањата на аналитичарите.
02.05.2025

Франција ја казни „Епл“ со 150 милиони евра за начинот на собирање податоци од корисниците
Францускиот антимонополски регулатор ја казни „Епл“ со 150 милиони евра за начинот како технолошката компанија бара да ги собере податоците на корисниците на оперативниот систем iOS.
31.03.2025

Кина ги истражува практиките на „Епл“ среде трговската војна со САД
Пекинг истовремено го истражува Гугл, како одговор на новите американски царини.
05.02.2025
„Епл“ не одговори веднаш на барањето за коментар за заканата на Трамп.
Технолошкиот гигант стана честа мета на Трамп во неговите напори да ги принуди компаниите да донесат повеќе работни места во производството во САД. Барањата на Трамп претставуваат сериозен предизвик за компанијата, чии синџири на снабдување за нејзините популарни телефони се концентрирани во Кина со години.
Создавањето ајфони од нула во САД би било исклучително тешко дури и за компанија богата со пари како „Епл“, со недостаток на домашен инженерски и производствен талент што го прави тоа речиси невозможно на краток рок.
„Епл““ произведува поголем дел од своите ајфони во Кина и нема производство на паметни телефони во САД. Компанијата вети дека ќе вработи повеќе работници во САД и вети дека ќе потроши 500 милијарди долари на домашно ниво во текот на следните четири години.
Трамп, исто така, ги комплицира плановите на „Епл“ за увоз на поголемиот дел од ајфоните што ги продава во САД од Индија до крајот на следната година, велејќи дека му рекол на Тим Кук, нејзиниот извршен директор, да престане да гради фабрики во Индија и наместо тоа да се фокусира на САД.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...