„Епл“ (Apple Inc.) планира да користи технологија на вештачка интелигенција за да се справи со чест извор на незадоволство кај корисниците: траењето на батеријата кај ајфоните (iPhone).
Компанијата планира режим за управување со батеријата потпомогнат од вештачка интелигенција со иос 19 (iOS 19), ажурирање на софтверот за ајфоните што се очекува во септември, според луѓе запознаени со темата. Подобрувањето ќе го анализира начинот на кој лицето го користи својот уред и ќе прави приспособувања за заштеда на енергија, велат изворите, кои побарале анонимност бидејќи услугата сè уште не е официјално објавена.
За да ја создаде оваа технологија - како дел од платформата наречена „Епл интелиџенс“ (Apple Intelligence) - компанијата користи податоци за батеријата собрани од уредите на корисниците за да разбере шеми и да направи предвидувања за тоа кога треба да ја намали потрошувачката на енергија кај одредени апликации или функции. Исто така, ќе има индикатор на заклучениот екран што ќе покажува колку време ќе биде потребно за целосно полнење на уредот.
Прочитај повеќе

Јалова револуција: Животот на батеријата поважен од вештачката интелигенција
Корисниците немаат некоја особено силна причина да му дадат предност на еден паметен телефон пред друг кога е во прашање ВИ.
12.02.2025

„Ајфон 16“ се обидува да привлече купувачи со недовршена вештачка интелигенција
„Епл“ го претстави најновиот модел на својот водечки уред, „ајфон 16“.
10.09.2024

Од „Епл“ прогнозираат дека нема уште долго да се пребарува преку Гугл
„Епл“ понуди необичен аргумент во обид да го зачува профитабилното партнерство со „Алфабет“.
08.05.2025
Претставник на компанијата од Купертино, Калифорнија, одби да коментира за новите можности.
Овој потег ја продолжува стратегијата на „Епл“ за интегрирање на вештачката интелигенција во своите клучни функции. Првата верзија на „Епл интелиџенс“, која беше објавена минатата година, додаде алатки за уредување текст и подобрување на пишувањето, како и функции за резимирање на нотификациите, генерирање персонализирани емотикони, отстранување несакани елементи од слики и креирање скици.
Главниот мотив зад функцијата за батеријата е претстојниот тенок модел ајфон 17 (iPhone 17), кој ќе се нуди како алтернатива на стандардните модели и моделите про. Поради потенкиот дизајн, новиот ајфон ќе има значително помала батерија - и пократко траење во споредба со другите модели.
Со оптимизирање на траењето на батеријата преку вештачка интелигенција, „Епл“ има цел да ги надомести овие физички ограничувања. Сепак, функцијата за управување со батеријата ќе биде достапна за сите ајфони што ќе го поддржуваат иос 19.
Платформата „Епл интелиџенс“ имаше тешко лансирање. Иако компанијата интензивно го промовираше софтверот, тој пристигна подоцна од очекуваното, а некои ветени функции сè уште не се додадени. Многу очекуваната надградба на дигиталниот асистент Сири (Siri) е одложена на неопределено време, што ги истакнува тешкотиите на „Епл“ да се изедначи со „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Алфабет“ (Alphabet Inc.) и другите технолошки компании во сферата на вештачката интелигенција.
Но брендот „Епл интелиџенс“ останува во центарот на напорите на компанијата поврзани со вештачката интелигенција (ВИ). Неколку функции во иос 19 ќе бидат опишани како „потпомогнати“ од оваа технологија, велат изворите. „Епл“ планира да го примени истиот пристап и со својот паметен часовник, иако моделите на ВИ што бараат голема моќност нема да бидат инсталирани на самиот уред.
Претстојните оперативни системи иос 19, ајпадОС 19 и мекОС 16 исто така ќе добијат значајни промени во корисничкиот интерфејс, објави „Блумберг њуз“. Надградбите ќе вклучуваат нов изглед наречен Солариум (Solarium) - именуван по стаклените простории што пропуштаат сончева светлина - како и промени што ќе ги направат ајпад и мек послични еден на друг.