Израел утринава соопшти дека започнал „превентивни“ воздушни напади врз цели во Иран, што ги засили стравувањата од поширок конфликт во регионот богат со нафта.
Три силни експлозии се слушнале во централниот дел на Техеран, објави новинската агенција Фарс, додавајќи дека неколку проектили веројатно ја погодиле престолнината. Иранската државна телевизија пренесе дека густ чад се издигнувал над делови од градот. „Асошиетед прес“ објави дека еден од ударите бил во близина на канцеларијата на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац прогласи вонредна состојба при објавувањето на нападот и изјави дека земјата очекува во блиска иднина да биде цел на напади со дронови и проектили. Сирени се огласиле низ целата земја, соопштија Израелските одбранбени сили.
Прочитај повеќе
Иран засилено полни танкери со нафта додека САД градат воена сила
Иран во последниве денови натоварува нафтени танкери со забрзано темпо, потенцијален знак дека државата од Персискиот Залив се подготвува во случај на напад од САД.
25.02.2026
Што значи ескалацијата на тензиите меѓу Иран и САД за нафтата?
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ја креваат цената на нафтата нагоре, а пазарите стравуваат од удар врз производството и Ормускиот Теснец.
25.02.2026
САД ја евакуираат од амбасадата во Бејрут поради можни воздушни напади врз Иран
Стејт департментот нареди делумна евакуација во Бејрут поради проценки за влошена безбедносна состојба.
23.02.2026
САД се согласуваат Иран да продолжи со збогатување на ураниум
Американските функционери ја прифатија црвената линија на Иран за продолжување со збогатување на ураниум, според неофицијалната Иранска студентска новинска агенција (ИСНА), која цитираше еден од дипломатите на земјата.
21.02.2026
Граѓаните биле повикани да останат во близина на засолништа, а воздушниот простор бил затворен за цивилен сообраќај. Вооружените сили издале и насоки со кои се забрануваат несуштински активности, вклучително и настава и јавни собири.