Западните производители на автомобили во последните месеци ги намалуваа плановите за електрични возила поради послабата регулатива и побарувачка, што натера многу купувачи да се запрашаат дали нивниот следен автомобил воопшто ќе биде електричен. Сепак, новите случувања - растот на цените на бензинот предизвикан од војната на Блискиот Исток - ја менуваа таа слика.
Претходните енергетски шокови секогаш силно влијаеле врз автомобилската индустрија, и врз бројот на продадени возила и врз нивните типови и цени.
Овој пат последиците ќе зависат од тоа колку ќе трае мирот и како ќе се одвива целата ситуација. Производителите што брзо ќе се приспособат на промените во побарувачката и ќе понудат енергетска ефикасност по пристапна цена ќе имаат предност. Во САД тоа се хибридните лидери како „Тојота“ (Toyota) и „Хјундаи“ (Hyundai), додека во Европа дополнителен пазарен удел би можел да освои кинескиот гигант БЈД (BYD Co Ltd.). Оние што бараат поевтина опција треба да размислат и за половни електрични автомобили - дури и половни модели на „Порше“ (Porsche) може да бидат добар пазар.
Прочитај повеќе
Новиот кабриолет на „Порше“ од 284.300 долари сака да направи сè, но не може
„Порше 911 турбо с кабриолет“ има речиси сè, но се чини дека е компромис што доаѓа со превисока цена.
09.03.2026
„Мерцедес“ од милион евра лани бил увезен во Македонија за 650.000 евра
Најскапиот автомобил увезен лани во Македонија е „мерцедес бенц амг пјур спид“ (Mercedes benz AMG purespeed). Неговата вредност, според увозните документи, изнесува 40.159.861,54 денари или над 650.000 евра, без давачки кон државата.
05.02.2026
Победници и губитници: „Ферари“ доминира, „Порше“ се мачи, „Тесла“ го губи тлото
Ако погледнеме назад во автомобилскиот свет, 2025 година беше година на суперавтомобилите, при што „Ферари“ оствари рекордна добивка и полни листи нарачки, додека „Порше“ и „Тесла“ се соочија со финансиски предизвици и послаба побарувачка.
27.12.2025
Кој ја уби европската автомобилска индустрија?
ЕУ со зелениот пресврт до 2035 година сама ја поттикна кризата во автомобилската индустрија и ѝ ја препушти предноста на Кина.
20.11.2025
Основачот на „Римац“ сака да го купи уделот на „Порше“ во „Бугати Римац“
Основачот на хрватскиот производител на спортски автомобили „Римац“ вели дека е во преговори за откуп на уделот на „Порше“ во нивното заедничко претпријатие „Бугати Римац“.
15.10.2025
Дали „Порше“ сè уште е луксузен бренд?
„Порше“, симболот на спортски луксуз и рафиниран инженеринг, се соочува со сериозен пад на вредноста и профитабилноста.
02.10.2025
„Порше“ и „Мерцедес“ научија скапа лекција - луксузните електрични возила не се продаваат
Слабата побарувачка за луксузни електрични возила ги принудува „Порше“ и „Мерцедес“ да го одложат производството на нови модели и да се вратат повторно на хибриди и бензинци.
25.09.2025
Внатрешноста на „порше тајкан“ | Porsche
Војната дополнително ја зголемуваше неизвесноста во индустријата. Ако потрошувачите, поради инфлацијата или падот на вредноста на инвестициите, имаат помалку пари, продажбата на автомобили може да потфрли во однос на очекувањата.
Автомобилите веќе значително поскапеа поради царините, поскапите суровини, повисоките каматни стапки и фактот што производителите се откажуваат од помалку профитабилните модели. Просечната цена на нов автомобил во САД надминува 49.000 долари, додека во Британија е околу 57.000 фунти.
Историски гледано, енергетските кризи го менуваат пазарот: во текот на 1970-тите поштедливите јапонски модели презедоа дел од пазарот, додека во 2008 година купувачите ги напуштаа големите неефикасни автомобили.
Проблемот е што САД во меѓувреме ги укинаа поттиците за електрични возила и ги ублажија стандардите за потрошувачка на гориво, што може да ја отежне транзицијата.
Во Европа еколошките прописи и понатаму се построги, но и таму владите делумно им попуштија на производителите. Индустријата реагираше со забавување на плановите за електрични возила - некои модели се укинати, а милијарди долари веќе се отпишани.
Во меѓувреме некои од производителите повторно се насочуваат кон возила со поголема потрошувачка на гориво, што може да биде проблем ако цените на горивата продолжат да растат.
Порше тајкан турбо | Porsche
Сепак, возилата со подобра ефикасност ќе имаат предност. Во САД, без даночни олеснувања за електрични возила, купувачите сѐ повеќе се насочуваат кон хибриди, кои комбинираат мотор на гориво и електричен погон без потреба од полнење.
Во Европа ситуацијата е поинаква бидејќи пазарот е поотворен за кинеските производители, а модели како електричниот „твинго“ на „Рено“ (Renault SA) нудат пристапни опции.
Сепак, многу купувачи од двете страни на Атлантикот сѐ повеќе се вртат кон пазарот на половни возила. Цените на половните електрични автомобили паднаа поради страв од застарување на технологијата.
Денес половните ЕВ-модели се само малку поскапи од класичните автомобили, но со високите цени на горивата стануваат сѐ поисплатливи. На пример, половен „полестар 2“ (Polestar 2) или „киа ЕВ6“ (Kia EV6) може да се најдат за помалку од 20.000 долари. Оние со поголем буџет можат да купат „порше тајкан“ (Porsche Taycan) за околу 45.000 долари - што е помалку од половина од неговата почетна цена кога бил нов.