text size
Пред неколку недели ја тестиравме шестата генерација на „рено клио“ со новиот бензински мотор, а сега на ред дојде хибридот, кој исто така има целосно нов погонски склоп. Дали вреди да се дадат значително повеќе пари за електрична асистенција при возење? Како и обично, тоа најмногу зависи од техничките карактеристики, односно начинот на возење, но во овој случај и од личните преференции кога станува збор за комфор, бидејќи „рено е-тех“ (Renault E-Tech) има специфичен начин на работа, кој нема да им одговара на сите.