text size
„Ситроен 2ЦВ“ (Citroën 2CV) е ремек-дело на автомобилскиот дизајн од 20 век, подеднакво познат како и „фолксваген буба“ и „фиат 500“. Кога ќе забележите еден од овие класици, се буди желбата за одмор во рурална Франција и носталгијата за времето кога Европа сè уште не беше синоним за индустриски пад.