text size
„Лексус“ (Lexus) пред неколку месеци ја претстави осмата генерација на големата бизнис лимузина под името ЕС (ES), а ние една недела ја возевме хибридната верзија. Најновиот модел забележително порасна во димензиите, што се чувствува и во кабината. Надворешниот изглед значително се разликува од претходникот, ентериерот е модернизиран, а единствено под хаубата остана проверената хибридна технологија, со тоа што и таа е малку доработена.