text size
Постојат парфеми што мирисаат на цвеќе, чиста облека или свежо искосена трева, а потоа тука се и оние што ве потсетуваат на слаткарница или на сопствената кујна. Гурманските парфеми си поигруваат токму со таа граница меѓу мирисот и вкусот - во нивните шишенца се наоѓаат состојки што вообичаено ги очекуваме во десерти, шолја кафе или чај. Ванила, какао, ф’стаци, мед, костен, карамела и егзотични зачини уште од деведесеттите години се дел од луксузните парфемски формулации, а парфимерите од нив создаваат композиции што истовремено се познати, заводливи и неочекувани. Сега таа граница се поместува и кон зеленчукот, како што е, на пример, цвеклото.