text size
Цените на чантите Шанел (Chanel), вклучувајќи го и култниот модел „флеп“ (flap) може дополнително да се зголемат во септември, се вели во најавата на највисокото раководство на оваа модна куќа. „Шанел“ редовно, најчесто два пати годишно ги анализира цените на чантите и тоа во март и септември. Во март оваа година, како што соопшти Филип Блондјо (Philippe Blondiaux) директор за финансии, компанијата ги зголеми ширум светот цените на чантите за 8 отсто во просек.